Х-фактор: Даниел сè поблиску до финалето
Седмото Live Show на „Х-фактор“ на големо изненадување на сите, во една емисија исфрли два натпреварувачи. Од вчера Александра Брковиќ и Алекса Перовиќ веќе нема да учествуваат во ова шоу.
За разлика од претходните емисии кога двајцата со најмалку гласови пееја песни за спас и испаѓаше еден, овојпат без дуел продукцијата одлучи, поради премногу мал број гласови пристигнати за Александра Брковиќ, автоматски да биде исфрлена без дуел.
Додека, Алекса Перовиќ и Маид Хеќимовиќ, поради скоро изеденачени гласови се најдоа во дуел каде откако ги испеаја песните за спас и по изедначеното гласање на жирито, со мала разлика, според публиката Алекса Перовиќ беше избран за да го напушти шоуто.
Сепак, со оглед на тоа што и Александра и Алекса после 7 емисии ѝ се веќе добро познати на јавноста, сите се квалитетни на свој начин и имаат своја публика, повеќе од сигурно е дека ќе продолжат да се занимаваат со музика. Менторите се тука за и понатаму да ги поддржуваат и да им помагаат во кариерите.
Во следната емисија пред големото финале на средина на март, ќе одлучуваат нијанси и многу мала разлика на гласовите за тоа кој ќе испадне, бидејќи сите се добри на свој начин и препознатливи по својот стил.
Даниел е оној кој е најмногу фаворизиран и без воздржување од членовите на жирито е прогласен за ѕвезда.
Сепак, за разлика од претходните емисии кога не можеа да му дадат ниту една забелешка, овојпат имаа коментари дека можеби избрал малку досадна песна, но дека перфектно отпеал.
Даниел е најголемиот фаворит за финалето, но како одминуваат емисиите сè понеизвесно станува.
Единствено што останува е да го поддржиме со многу гласови за да биде првиот победник на регионалниот „Х-фактор“.
Погледнете го настапот на Даниел:
Oва е последниот настап на Алекса во дуелот за спас:
Ова е последниот настап на Александра Брковиќ: