Х-фактор: Продуцентот на Ријана утре во Белград за да ги запознае „Доктори“?
Во Белград е пристигнат еден од најблиските соработници на Ријана, кому му се допаѓаат „Доктори“.
Овој вторник, машкиот бенд „Доктори“ на Кристина Ковач ќе имаат посебна мотивација, но и одговорност за одличен настап на сцената.
Продуцентот од познатата медиумска куќа „Универзал“ ги гледал на YouTube снимките од сите финалисти и најмногу му се допаднале „Доктори“.
Дошол во Србија за да биде гостин на една приватна забава во чест на Ријана. Сакал на забавата да дојдат и сите членови на бендот, но сепак тоа не се случило.
Затоа, тој одлучил да го продолжи престојот и да присуствува на утрешното, седмо Live Show, кога темата на вечерта ќе бидат филмски музички теми.
Можеби ќе има можност да се запознае со сите финалисти и да им понуди добри контакти за нивните понатамошни кариери.
Потсетете се на еден од нивните настапи: