Х-фактор: Даниел уште еднаш меѓу најдобрите, Харис Ќато го напушти шоуто

Во свој оригинален стил и изведба на една од неговите омилени песни „Stay“ од Hurts, Даниел по шести пат го покажа својот талент.

x-factor-daniel-uste-ednas-megju-najdobrite-haris-cato-go-napusti-souto

Жирито со сите пофални зборови за него, Кристина воодушевена од неговите ниски тонови и сочниот манир на изведување.

Според Кики Лесендриќ тој звучи три пати подобро од оригиналната верзија, а Емина единствено имаше замерка за неговата комбинација на црното елегантно одело со црвени спортски патики.

Жељко Јоксимовиќ најпрво му забележа на Даниел што во последен момент ја променил песната, без негово знаење и присуство, но потоа му честиташе за одличниот избор и совршената изведба.

Даниел без сомневање продолжува кон финалето меѓу најдобрите.

Во шестото Live Show на крајот во дуел се најдоа двата кандидата на Емина, Лукијан Ивановиќ и Харис Ќато, за кои жирито беше поделено во однос на гласовите.

Сепак, на крај, според најмалиот број пристигнати гласови од публиката, шоуто го напушти Харис Ќато.

Погледнете го настапот на Даниел:

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg