Х-фактор: Даниел вечерва ќе ја пее неговата омилена песна од бендот Hurts

По еднонеделната пауза вечерва ќе можеме да го гледаме шестото Live Show на „Х-фактор Адриа“. Одморени и освежени се очекува натпреварувачите да блеснат на сцената со своите најдобри изведби. Песните се веќе одбрани и извежбани, но само дел од нив ги откриваат.

x-faktor-daniel-vecerva-ke-ja-pee-negovata-omilena-pesna-od-bendot-hurts-001

Нашиот Даниел веќе најави на својата Фејсбук страница дека со нетрпение очекува да излезе на сцената и дека ќе пее една од неговите омилени песни.

Како што се дознава, токму песната „Stay“ е негова омилена од британското дуо Hurts. Песна која повторно одговара на неговиот стил и веројатно ќе го покаже во најдобро светло.

Од останатите финалисти, познато е дека шармантниот Алекса Перовиќ ќе ја изведе преубавата балада „Pogledi u tami“ од Срегеј Четковиќ, малечката Илма ќе настапи со моќната „Hurt“ од Кристина Агилера.

Нејзиниот врсник Харис Ќато ќе ја пее „Nije htjela“ од Кемал Монтено, а Маид Хеќимовиќ само најави дека ќе пее песна од познат хрватски пејач со која сака да ја изненади својата девојка.

Ова е песната што ќе ја слушнеме вечерва во 21:00 часот на Сител телевизија, во изведба на Даниел:

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg