Уште колку време ќе го гледаме „Х-фактор“?
По изоставеното Live Show од оваа недела и прикажувањето на специјалната емисија за финалистите која беше закажана за подоцна, почнаа да се шират различни гласини.
Некои претпоставуваат дека во шоуто се случува криза, но не само здравствена, туку и финансиска и техничка.
Имено, од извори блиски на шоуто се дознава дека шоуто би требало да трае уште 2 емисии во кои ќе се изберат финалистите кои ќе настапат на 24. март, за кога е закажано големото финале.
Дополнителни сомнежи предизвика и информацијата дека во следната емисија сигурно испаѓаат двајца од кандидатите.
Следејќи ги досегашните емисии на „Х-фактор“ можни се многу поголеми изненадувања.
За да се смират страстите и паниката која владее меѓу обожавателите на ова шоу од организацијата решија да се огласат со изјава дека нема промена на почетните планови за шоуто, нема да се скрати или измени и дека ќе продолжи според планираното.
Точниот датум на финалето не го откриваат, но потврдуваат дека ќе биде кон крајот на март.