Х-фактор: Даниел има најголем потенцијал да биде првата светска ѕвезда од Балканот (видео)

На синоќешната специјална емисија на „Х-фактор Адриа“ на кратко се претставуваа финалистите, зборува за себе и времето што го поминуваат во шоуто од почетокот до сега.

x-faktor-daniel-ima-najgolem-potencijal-da-bide-prvata-svetska-zvezda-od-balkanot-01

Во краткиот прилог за Даниел, тој беше претставен како најголем фаворит за интернационална кариера и првата светска ѕвезда од Балканот.

Кога ќе застане на сцената и ќе почне да пее дури и најстрогите критичари не успеваат да му најдат маана.

Пее одлично и на македонски, и на српски и на англиски јазик што е негова најголема предност.

Роден е во Струга каде го поминал детството, а потоа е преселен во Австрија каде живее со неговото семејство, се образува и работи во градежна фирма.

Под влијание на хип-хоп и рап музичари како Тупак, д-р Дре, DMX тој создавал музика и текстови кои биле поблиски кон тој стил.

Во Македонија има работено заедно со Тони Зен и Токсиколози со кои имавме и ексклузивно интервју во кое откриваат за нивната соработка.

Даниел смета дека freestyle рапувањето многу му помогнало при пеењето и компонирањето.

Обожава да танцува и ужива на сцената додека го дава максимумот од себе.

Смета дека сѐ им должи на родителите кои се жртвувале за тој да може да го прави она што го сака.

Музиката е неговиот живот и во „Х-фактор“ тој оди на сѐ или ништо.

Погледнете го целосниот прилог:

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg