Х-фактор: Лорин го воодушеви Даниел, но го одбра Ѓоковиќ (видео)

Шведската пејачка и победничка на Евросонг 2012 во Азербејџан вчера двапати се појави на сцената и буквално ја потресе целата сала.

x-faktor-lorin-go-voodusevi-daniel-no-go-odbra-gjokovik-01

Со моќна изведба, прво на „My heart is refusing me“, а потоа и на евровизиската „Еuphoria“ја обзема цела сала низ која се ширеше нејзиниот глас. Настана вистинска еуфорија.

Успеа и жирито да го крене на нозе, кога сите членови станаа и ѝ аплаудираа. Со одличен сценски настап и говор на телото кое буквално ја изразува секоја нејзина емоција во песната.

За тоа доби пофалба дури и од нашиот Даниел кој буквално беше воодушевен од нејзината енергија и настапите, па дури не се воздржа пред камерите да ја замоли да се омажи за него.

Но, веројатно на Лорин повеќе ѝ се допаѓа српскиот број еден тенисер, Новак Ѓоковиќ за кого пред новинарите ги изразила своите импресии од тоа што неговата слава ја користи за хуманитарни цели.

Поради специфичните прашања на новинарите помислила дека сакаат да ја спојат со него, па на шега прифатила, дури рекла дека може и веридбата да ја откаже.

За Даниел сè уште нема ништо изјавено, но ако добро го слушнала неговиот настап сигурно не останала рамнодушна, како и илјадниците девојки на Балканот.

x-faktor-lorin-go-voodusevi-daniel-no-go-odbra-gjokovik-1

Лорин е навистина посебна девојка која максимално се вложува во она што го прави, вели дека најмногу е заљубена во својата музика.

Не е зависна од медиумите, дома нема ниту телевизор за да не губи бесцелно време, а она што им го препорача на финалистите е да работат, но да останат свои, бидејќи само оригиналите може да се издвојат и успеат.

Не ја отфрли ниту можноста наскоро да сними дует со Жељко Јоксимовиќ, со кого се знаат уште од Евровизијата, но го цени и како квалитетен музичар.

Погледнете го нејзиниот еуфоричен настап:

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg