X-фактор: Публиката ги испрати „4U“ дома

По вчерашното петто по ред Live Show на „Х-фактор Адриа“ и покрај одличните настапи на сите финалисти некој мораше да испадне.

publikata-gi-isprati-4u-doma-01

Овојпат публиката одлучи да ги испрати дома девојките од женскиот бенд на Кристина, „4U“.

Со најмал број гласови од смс-пораките беа токму тие заедно со 13-годишниот Харис Ќато од групата на Емина, поради што се најдоа во дуел за спас.

Во регуларните настапи, „4U“ се претставија со одлична денс изведба на големиот хит „When love takes over“од Кели Роланд, а како песна за спас ја испеаја романтичната балада на Ријана „Califorinia King bed“.

Харис Ќато, пак, најпрво ја испеа легендарната „Billy Jean“ од Мајкл Џексон, а во дуелот ја испеа „Cry me a river“ од Џастин Тимберлејк.

Жирито на крајот беше неодлучно и си ги поделија гласовите рамномерно, а на публиката остана да одлучи според бројот на пристигнати гласови.

И покрај драматичната ситуација со солзите на Харис уште по завршувањето на неговиот настап, па и оправдувањето од страна на расплаканата Емина, дека има само 13 години, веројатно немаше потреба од сето тоа.

publikata-gi-isprati-4u-doma-1

На големо изненадување публиката одлучи девојките од „4U“ да ги испрати дома.

Нивната сигурна и цврста менторка, Кристина Ковач беше онаа која на крајот без срам се расплака и изјави дека е шокирана од резултатот со оглед на тоа што тоа беше бенд од 4 прекрасни и талентирани девојки, каков што нема во целиот регион.

Девојките се покажаа како најцврсти и најхрабри во првиот момент на сцената стоички прифаќајќи ја одлуката дека некој мора да испадне и дека после минатонеделниот настап сметале дека го достигнале врвот и го покажале најдоброто.

Во групата на Кристина останува уште машкиот бенд „Доктори“ кои сè повеќе ги освојуваат симпатиите и гласовите на публиката.

Во следното Live Show продолжуваат: Лукијан Ивановиќ, Илма Карахмет, „Доктори“, Тамара Милановиќ, Даниел Кајмакоски, Алекса Перовиќ, Александра Брковиќ и Харис Ќато.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg