Откријте што ќе пеат дел од финалистите на X-фактор
Вечерва нè очекува уште едно супер Live Show на „Х-фактор Адриа“. Финалистите се подготвуваат напорно веќе цела недела, ги учат новите зададени песни и го вежбаат сценскиот настап.
Повеќето изборот на песните го прават во договор со своите ментори, но некои мора да послушаат што е најдобро за нив.
Најпроблематични се пробите во групата на Кристина Ковач. Таму се машкиот бенд „Доктори“ и женскиот бенд „4U“, кои се составени од 5, односно 4 членови и разбирливо е дека не може на сите да им се допаѓа истата песна, но мора да најдат најсоодветна која ќе одговара на нивните гласови.
Овој вторник „Докторите“ ќе пеат песна од Џорџ Мајкл, но во нивни стил, додека „4U“ подготвуваат фантастична кореографија и одличен стајлинг за песната „When love takes over“од Кели Роланд.
Тамара Милановиќ, очигледно не отстапува од нејзината омилена Ријана и решена е да ја поправи грешката од настапот со „What now“, па овојпат ќе го пее нејзиниот хит „Umbrella“.
Од групата на Жељко, засега се знае дека Маид Хеќимовиќ повторно ќе пее песна од Здравко Чолиќ. Веројатно тоа најдобро му одговара, но можеби треба да покаже и нешто ново доколку сака да остане во шоуто.
Останатите натпреварувачи сè уште ги чуваат своите песни како изненадување. Она што се знае е дека Тамара прва ќе ја отвори вечерта со својот настап, а нашиот Даниел настапува седми по ред.
За време на ревијалниот дел ќе настапува шведската евровизиска победничка, Лорин, а вие за тоа време треба да гласате за Даниел со порака 07 на бројот 141345, сега веќе за пониска цена.
Следете го шоуто вечерва од 21:00 часот на Сител телевизија!