Х-фактор: Случајно откриен победникот на „Х-фактор Адриа“? (видео)
Видеото кое што го изработи и објави глобалното „Х-фактор“ на официјалниот YouTube канал предизвика многу сомнежи, прашања, претпоставки, па дури и обвинувања.
Имено, во видеото составено од најубавите моменти на сите „Х-фактор“ шоуа низ светот во една секунда се појавува секвенца од настапот на Тамара Милановиќ од првата аудиција.
Со оглед на тоа што во останатите делови од видеото најчесто се појавуваат победници или фаворити на шоуто во Австралија, Велика Британија, Израел и САД, чудно е како меѓу сите нив се најде само Тамара од српското издание на „Х-фактор Адриа“.
Дали е само случајност или некаква најава, засега нема никакво објаснување.
Погледнете го видеото: