Х-фактор: Во вторник евровизиската победничка Лорин е ѕвездата на вечерта

Во вторник на шоуто ќе гледаме вистинска интернационална музичка ѕвезда! Шведската пејачка Лорин, која победи на Евровизијата во Азербејџан 2012 година ќе биде гостинка на музичкото шоу „Х-фактор“.

x-faktor-vo-vtornik-evroviziskata-pobednicka-lorin-e-zvezda-na-vecerta-01

Во српската јавност остана запаметена и по тоа што го надмина Жељко Јоксимовиќ, кој цело време важеше за фаворит.

Уште тогаш таа го изразила своето скромно мислење дека тој е единствениот кој сметала дека може да ја победи.

Интересно е што и сега тие двајца ќе се најдат на исто место, но на различна позиција, таа ќе биде на сцената и ќе пее, а тој ќе биде пред неа како дел од жирито.

Како што се дознава, Лорин ќе пристигне во Белград уште во понеделник, а веќе во вторник ја очекуваат пробите за настапот во ревијалниот дел, како ѕвезда на вечерта.

Иако, според извори блиски до продукцијата, евровизиската победничка е многу возбудена и среќна за доаѓањето во Србија, таа, за жал, нема да се задржи подолго од тие два дена, поради бројните обврски.

Потсетете се на нејзината победничка песна:

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg