Првата странска ѕвезда во „Х-фактор“ е евровизиската победничка Лорин

Иако долго време се држеше во тајност името на првата странска ѕвезда која ќе настапи во „Х -фактор“, од продукцијата веќе го најавија изненадувањето.

prvata-stranska-zvezda-vo-x-faktor-e-evroviziskata-pobednicka-lorin-01

Швеѓанката Лорин која беше една од евровизиските победнички е првата ѕвезда која ќе настапи на „Х - фактор Адриа“. Таа победи на Евровизијата во Азербејџан пред две години, со песната „Euphoria“, кога на третото место беше Жељко Јоксимовиќ со песната „Није љубав ствар“.

На вечерашното шоу, пак, специјална гостинка за време на гласањето ќе биде српската популарна пејачка Јелена Томашевиќ, која исто така има настапувано на Евровизија, но се има натпреварувано и во слично талент шоу. Се очекува да ја збогати вечерта со својот настап и да им даде некој совет на учесниците.

prvata-stranska-zvezda-vo-x-faktor-e-evroviziskata-pobednicka-lorin-1

Вечерва од 21:00 часот на Сител телевизија ќе се случува третото Live show на кое натпреварувачите ќе пеат песни од домашната сцена, од бараж натпреварите се враќа Маид Хеќимовиќ, а излегува уште еден од натпреварувачите со најмалку гласови.

Останатите изненадувања гледајте ги вечерва и не заборавајте со своите гласови да ги поддржите Даниел и Фифи и да не дозволите да излезе вашиот фаворит.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg