Даниел сака албум како Џастин Тимберлејк

Даниел ги искажа првите желби, претпоставки и лични ставови за еден српски портал.

daniel-saka-album-kako-justim-timberlake-01

После 18 години поминати во Австрија, кога се вратил во 2009 година на „Охридскиот фестивал“ и не добил поддршка од македонската публика, се разочарал.

Не го пронашол своето место на сцената, па решил да го отфрли притисокот дека мора да биде пејач и да тргне по друг пат.

Се плашел да се врати назад, да се обиде повторно да пее и повторно да побара поддршка и своја публика. Храброста му ја дал неговиот пријател, Антонио, кој го пријавил на „Х-фактор“.

За него „Х-фактор“ е најголемо шоу и вистински начин да се постигне успех, скалило од кое тргнаа многу денешни светски ѕвезди.

На неговиот музички вкус и стил најмногу влијаеле Backstreet boys, Бруно Марс, Тоше Проески, Boyz II Men, Витни Хјустон, 112, Дејвид Фелпс... Но, доколку победи би сакал албум во стилот на Џастин Тимберлејк.

На следните настапи во живо најмногу би сакал да ги пее„Master blaster“ од Стиви Вондер, „Russian Roulette“ од Ријана и ако му дозволат „Ој девојче, девојче“ и „Лихнида кајче веслаше“.

Даниел за музиката вели: „Тоа е храна од која живеам, лек за мојата душа, медитација, енергија, љубов и решение на сите проблеми кои ги има на планетава. Без музика, животот е само илузија“.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg