Даниел Кајмакоски воодушеви со изведбата на „Громови на душа“ (видео)
На аудицијата во куќата на менторите, сите финалисти на „Х – фактор“ изведуваа по 2 песни кои не беа веднаш прикажани.
Даниел покрај фантастичната изведба на „When I was your man“ од Бруно Марс, ја отпеа и „Громови на душа“ од Тоше Проески. Токму оваа изведба беше прикажана во вчерашната емисија на „Х – фактор Адриа“.
Со емотивна изведба во негов стил, до пола песна ја отпеа на македонски, а втората половина со српската верзија како „Једина“.
И Жељко Јоксимовиќ и Тони Цетински беа импресионирани од неговата изведба.
За среќа, не се труди да го имитира Тоше, туку ја пее на негов начин, кој сепак сите ги допира и воодушевува.
Официјално сè уште не се објавени видеата со изведбите од вторите песни кои ги пееја финалистите, но голема обожавателка на Даниел го снимила настапот преку телевизор и го поставила видеото на Јутјуб, па веќе сите може да уживаме во неговата изведба!