„Х – фактор“ концерт: Даниел, Маја, Младен и бендовите направија спектакл
Финалистите на популарното музичко шоу ги воодушевија присутните на новогодишниот концерт пеејќи домашни и странски хитови.
Откако во петокот вечер на првиот концерт во „Делта Сити“ настапија финалистите од групите на Кики Лесендриќ и Емина Јаховиќ, во саботата вечер се одржа уште еден сјаен подарок концерт на финалистите во „Х-фактор“.
Во празнична атмосфера во шопинг центарот „Делта Сити“, најдобрите кандидати на менторите Кристина Ковач и Жељко Јоксимовиќ, на присутните им подарија незаборавна вечер пеејќи многу хитови со кои ги забавуваа.
Бројни тинејџери стоеја трпеливо пред концертот во ред за фотографирање со своите фаворити кои делеа автограми.
Посебно внимание привлекоа бендовите кои беа поддржани и од нивната менторка Кристина.
На крајот на концертот финалистите заедно со домаќинот на настанот, Дејан Цукиќ го отпеаја неговиот прочуен хит „Ја бих да певам“.
Инаку, сите натпреварувачи веќе вредно работат со своите ментори, а возбудливите настапи на веќе избраните кандидати и на оние кои дополнително ќе бидат вратени во натпреварувањето од страна на публиката, ќе може да ги гледаме од јануари 2014 година на Сител телевизија.