Зошто го сакаме Даниел Кајмакоски?

zosto-go-sakame-daniel-kajmakoski

Полека, но сигурно, ни ги освојува срцата.

Можеби затоа што имаме потреба навистина некого да сакаме од срце.

Можеби затоа што ни недостасува ѕвезда чии концерти со душа ќе се чекаат. ..Или можеби затоа што во очите му се гледа дека е скромно дете (како што неодамна спомна и Емина Јаховиќ).

Даниел Кајмакоски, момчето со потекло од Струга, кое живее и работи во Австрија, навистина знае како да пее. И да ужива додека пее...И искрено да се радува.

Иако можеби не зборува совршен македонски јазик, Македонија полека, но сигурно, му ја дава комплетната доверба. И има зошто...

Светско, а наше. Воспитано и културно дете. Харизма која не се среќава често.

Можеби ни се допаѓа затоа што зрачи со позитивна енергија и насмевка која освојува.

Можеби затоа што навистина гледаме неискористен потенцијал со светла иднина.

Победил или не, можеме да кажеме дека ѕвездата е родена.

А, на нас останува да му ја дадеме поддршката...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg