Даниел Кајмакоски не е задоволен од синоќешниот настап

На синоќешниот настап, Даниел не ги воодушеви ниту членовите од жирито, ниту гледачите, а веројатно ни самиот себе.

daniel-kajmakoski-ne-e-zadovolen-od-nastapot-01

Како што рече Жељко, вчера беше далеку од оној потенцијален победник на Х-фактор кој го истакна Кристина Ковач на првата аудиција.

Веројатно немаше доволно простор да се изрази во настап со толку силни машки вокали.

Она кое зачудува е дека сепак се очекуваше да отпее многу подобро, со оглед на тоа што пееше рефрен на „По тебе“ од Тоше Проески.

Тремата и возбудата си го направија своето, но Даниел има исклучително моќен глас, харизма и воодушевува со своето пеење.

Повеќе од сигурно е дека заслужува да продолжи понатаму и да се истакне на свој начин со песни кои му одговараат и со кои ќе привлече уште поголем број обожаватели.

Тој е сепак приземен, реален и скромен, па своето незадоволство го искажа и на неговата фан страница на Фејсбук.

Го постави видеото од настапот и истакна дека можело да биде многу подобро, но дека е среќен што продолжува понатаму и што најстрогиот член од жирито, Жељко Јоксимовиќ е ментор на неговата група, кандидати над 27 години.

Оваа негова изјава е топло прифатена од скоро 1500 фанови, на кои им се допаднал овој гест. Меѓу другото, Даниел станува сè попопуларен и секојдневно има сè повеќе фанови, а неговата фан страница брои речиси 30.000 фанови од цел Балкан.

daniel-kajmakoski-ne-e-zadovolen-od-nastapot-1

Доколку сакате да се придружите на многуте негови фанови и да следите сè што тој објавува, тоа може да го направите преку неговите Фејсбук и Твитер фан страници.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg