Чудовиште, човек - драма и нови ѕвезди во „Х-фактор Адриа“

Нови седум таленти со четири „Да“ кои поминаа во следниот круг и само четворица кои заради очигледната лоша интерпретација навистина не заслужуваа да продолжат понатаму. Сите кои го освоија жирито беа интересни, специфични и квалитетни на свој начин.

vo-cetvrtata-epizoda-na-x-faktor-adria-sekoj-dobar-na-svoj-nacin-01

Почнувајќи  од Лукиан Ивановиќ и емотивната изведба на „My heart is refusing me“, па малиот бушав металец Дамјан Џуровиќ кој многу моќно, рокерски и зрело ја отпеа „It’s my life“ од Бон Џови.

Младен Лукиќ свирачот на тромбон кој го освои жирито со преубавата боја на гласот, контролата која ја имаше и изведбата на „Ready for love“ од Индиа Аире, па сѐ до веќе популарниот Маид Хеќимовиќ кој имаше одлична изведба на „Noc mi te duguje“ од Здравко Чолиќ и се однесуваше како вистинска ѕвезда на сцена.

Малечките Маша Вујадиновиќ (12) и Теодора Спаравало (15) кои имаа изведби како вистински возрасни и созреани жени кои знаат да ја донесат вистинската длабока емоција преку песните.

Одлично поминаа и Вања Мисиќ која беше прогласена за српската Нора Џонс, Марко Дрежњак кој сам направил денс аранжман на „Back to black“ од Ејми Вајнтхаус која и ја изведе на свој оригинален начин. 

Вечерта ја заврши Александра Брковиќ која вистински воодушеви со уникатната емотивна изведба на „Listen“ од Бијонсе и доби најпозитивни критики и аплаузи со кои може  да им се спротивстави на сите кои не верувале во неа.

И оние кои не поминаа, сепак беа забележани на интересен начин. Маскираниот Милич Вукашиновиќ преправен во чудовиштето Фрезинес, уличниот пејач Александар Дрекаловиќ кој го замоли Кики Лесендриќ за едно „Да“, и го доби. Михајло Милиќ кој успеа да не погоди ниту еден тон.

Уште една аудиција со многу забава и многу таленти. Погледнете ги настапите ако ги пропуштивте вчера и одберете го вашиот фаворит од оваа аудиција!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg