Марија Ичкова од Богданци ја освои публиката на Х-Фактор (видео)

Уште една Македонка нѐ направи вистински горди. Марија Ичкова од Богданци со своите само 15 години им одржа лекција и на многу поискусни пејачи.

marija-ickova-kako-mlada-jenis-joplin-01

Моќната изведба на легендарната рок песна „Whole lotta love“  на Led Zeppelin буквално ја крена публиката во салата на нозе, жирито се размрда, а овациите и аплаузот не запираа.

Марија настапи како да се наоѓа на вистински рок спектакл или концерт, а истото чувство го пренесе и преку малите екрани, што се забележува според многубројните коментари од цел Балкан на фан страницата на „Х-фактор Адриа“.

Иако многу се зборуваше за настапите на ќерките на Џогани и Луис, и покрај тоа што навистина ги покажаа своите таленти и пејачки способности, а не само познати презимиња, по што добија коментари дека ги надминале своите родители уште по првата строфа, сепак, Марија буквално ги засени.

Сите поминаа во следниот круг, каде се очекува уште многу да покажат. Покрај нив имаше уште неколку забележителни настапи, меѓу кои може да се издвојат настапите на Харис Ќато, Армин Малекиќ, Драгана Ракчевиќ, Моника Кнежовиќ,Соња Бакиќ.

Очигледно со секоја следна епизода на ова музичко шоу ќе се зголемува и конкуренцијата на вистински вредните таленти, но она што нас нѐ радува се одличните коментари и поддршката што ја добиваат нашите натпреварувачи.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg