Детските денови за сите нас се скапоцени моменти и често знаеме да пребаруваме во меморијата и да извадиме слики од сеќавањето на детството. Посегнуваме по моменти што ни се драги и што ги будат најсреќните емоции. Безгрижноста, играта и радоста што ги чувствувавме тогаш е она на што најмногу се навраќаме и што постојано го бараме низ спомените.