Детективска загатка: Кој ги украл парите од сефот?
Оваа детективска загатка ќе ја тестира вашата интелигенција и способноста да донесувате логични заклучоци. Кој провалил во сефот од тројцата потенцијални крадци?
Загатката гласи вака:
Жената била на забава, а кога дошла дома видела дека сефот ѝ е провален, а во него нема пари.
Веднаш повикала полиција, при што биле пронајдени три лица за кои постои сомневање дека го сториле ова кривично дело: Марко, Петар и Иван.
Марко изјавил дека легнал со сопругата во 23 часот и 30 минути.
Петар рекол дека цела ноќ играл карти со пријателите.
Иван сведочел дека играл видеоигри од 00:00 до еден часот по полноќ.
Полицијата, врз основа на нивните одговори, констатирала кој е виновникот. Но, како? Кој е провалникот?