Кога мајката е детектив: Како знаела дека ќерката лаже?
Како мајките секогаш умеат да откријат кога децата ги лажат? Имате можност да проверите дали ја имате оваа скриена моќ.
Ќе успеете ли да дадете одговор на оваа загатка? Ја имате ли детективската моќ во вас?
Сандра ѝ кажала на мајка ѝ дека заедно со тимот од одбојка ќе оди на спортски камп за викенд. Нејзината мајка мислела дека таа ја лаже и дека Сандра сака да го помине викендот со нејзиното момче.
И покрај тоа, таа ѝ помогнала на ќерка си да си ја спакува торбицата и не кажала ниту збор.
Кога Сандра се вратила од викендот, ѝ се пожалила на мајка ѝ дека таа заборавила да ѝ ја спакува четката за заби.
Тогаш мајката била сигурна дека Сандра ја излажала. Како открила?