Детективска задача која може да ја решат само луѓе со бујна имагинација
Обично, во детективските загатки, бараме од вас да го најдете криминалецот. Но, овојпат тоа не е случај.
Овде е познат идентитетот на криминалецот, но неговите мотиви може да ги открие само човек со невообичаен начин на размислување.
Па затоа, ако не можете да го најдете одговорот на задачата, не се нервирајте туку радувајте се.
Освен луѓето со бујна имагинација, решението можат да го најдат и оние со чуден начин на размислување:
Двајца пријатели биле сведоци на убиство во продавница близу нивниот дом.
Марина има 27 години. Таа работи во берберница. Слободна.
Нина има 30 години. Таа е библиотекарка. Живее со мачка.
Владимир има 35 години. Тој редовно оди на бербер каде работи Марина, како и во библиотеката каде Нина работи. Неоженет.
Полицаецот кој дошoл на местото на злосторството - само човек кој си ја врши работата.
Што се случило?
Марина реагирала многу емотивно на смртта на Владимир - таа плачела на рамото на полицаецот.
Нина и покрај ситуацијата, била во одлично расположение бидејќи била заљубена. Таа не ни погледнала кон мртвото тело. Но, нешто друго ја развеселувало Нина, бидејќи таа немала телефон, а ниту пак со неа бил тој за кој вели дека се вљубила во него.
Следниот ден, Нина ја убила Марина. Зошто?