8 трик прашања на кои сигурно ќе одговорите погрешно
Логичките загатки се најдобрата гимнастика за умот со која тој постојано се развива и ја одржува добрата форма.
Логичките загатки се многу популарни меѓу луѓето зошто често ни докажуваат колку нашиот мозок знае непотребно да ги комплицира работите. Дури и кога одговорите ни се пред носот ние размислуваме не гледајќи ги сосема едноставните решенија.
Обидете се да ги решите овие логички загатки и пишете ни колку точни одговори имавте:
1. Вие сте пилот на авион кој лета од Лондон до Берлин со два трансфери во Прага. Кое е презимето на пилотот?
2. Влегувате во темна соба. Во собата има печка на дрва, факел и свеќа. Со себе имате кибрит со само едно чкорче. Што ќе запалите најпрво?
3. Бизнисмен купил коњ за 10 долари и го продал за 20. Потоа го купил истиот коњ за 30 долари а го продал за 40. Колку пари вкупно заработил бизнисменот?
4. Што е тоа што наутро оди на 4, напладне на 2, а навечер на 3 нозе?
5. Во шумата има зајак. Одеднаш започнува да врне. Под кое дрво ќе се скрие зајакот?
6. Двајца луѓе чекорат еден кон друг. И двајцата се целосно идентични (да речеме клонови на Елвис Присли). Кој прв ќе го поздрави другиот?
7. Балон на жежок воздух е носен од постојан ветар во насока на југ. Во која насока ќе се веат знамињата на неговата кошница?
8. Имате 2 јажиња. Кога ќе ги запалите од едниот крај, секое ќе изгори за точно 1 час. Сепак горењето нема правилна стапка. Како ќе измерите 45 минути користејќи ги двете јажиња и запалка?
Проверете си ги одговорите на следната страна...