Детективска загатка: Која пријателка лаже?
Имате ли моќи за забележување детали? Би се снашле ли во улога на детектив или ќе ги промашувате и најзабележителните траги? Тестирајте се...
Во случајов станува збор за тројца пријатели, еден крадец и лажго, а вие треба да откриете за кој станува збор.
Задачата од илустрираната сцена гласи:
Момче се враќа од неколкучасовно сноубордање. По враќањето веднаш си ги проверил работите и сфатил дека му недостасуваат лични нешта. Ги прашал пријателките дали знаат каде му се работите.
Едната другарка му рекла дека додека тој бордал таа била на лизгање и тукушто се вратила, а другата изјавила дека додека го чекала во тие неколку часа уживала покрај огнот, па дури не станала ниту да си наполни нова чаша сок.
Сепак, една од нив лаже, а момчето веднаш сфатило за која станува збор.
Знаете ли вие? Погледнете ја сцената, размислете и одговорете.