Психолошки тест: Нацртајте куќа, дрво и човек и откријте во каква состојба се наоѓате
Прво, што претставува предмет на анализа во вашиот цртеж?
- Димензиите на цртежот го претставуваат вашето ниво на самопочит и самодоверба.
- Потезите и линиите укажуваат на нивото на решителност и колку удобно се чувствувате за време на процесот на донесување одлуки. На пример, ако имате тенденција да ја повлекувате иста линија двапати, тоа покажува несигурност, незадоволство и перфекционизам кој излегува надвор од контрола.
- Јасноста претставува хармонија и флексибилност.
Делови од цртежите и нивното значење кои подоцна треба да ги споредите со објаснувањето најдолу:
Слика од куќата
Куќата ги претставува семејните односи, како го толкувате домот и семејниот живот. Таа кажува многу за тоа како се чувствувате во врска со семејните вредности и вашето семејство.
Покрив: претставува интелектуален, фантастичен и духовен живот.
Оџак: афективен и сексуален живот. Чадот што излегува од оџакот ја симболизира внатрешната напнатост.
Ѕидови: силата и моќта на вашата личност.
Врати и прозорци: односот со околниот свет, социјалниот контекст, нивото на интеграција. На пример, многу голема врата покажува дека сте многу зависни од нешто или некого.
Тротоари: отвореност, пристап до вашиот интимен семеен живот.
Основа: стабилност и контакт со реалноста.
Слика од дрвото
Дрвото ги симболизира најдлабоките и најнесвесните аспекти на вашата личност, односно ги претставува оние работи кои обично ги задржувате за себе.
Гранки: социјални контакти, аспирации и ниво на задоволство или фрустрација.
Обликот на дрвото: го претставува вашето чувство за себе, интегритетот на вашата личност. Ако е закривено, тоа значи дека сте флексибилни и дека лесно се адаптирате.
Корени: врската со вашиот несвесен и инстинктивен внатрешен свет, тестирање на реалноста и ориентацијата.
Основа: контакт со реалноста и стабилност. На пример, неговото отсуство претставува тешкотии во справувањето со реалноста.
Слика на човекот
Личноста или човекот што ќе ги нацртате претставува самоперцепција, вашето идеално јас. Го покажува вашиот став кон овој свет, како и начинот на кој вашиот социјален живот и внатрешен свет коегзистираат.
Глава: интелигенција, комуникација, имагинација, дружељубивост. На пример, ако вашата глава е поголема од телото, тоа значи дека имате импресивни интелектуални способности.
Коса: сексуалност, мажественост и сензуалност.
Очи: социјална комуникација и вашата перцепција за светот околу вас.
Уста: сензуалност, сексуалност и вербална комуникација. Ако устата на вашата слика е само права линија, тоа значи дека сте вербално агресивни.
Раце: афективност, агресија.
Врат: контрола на импулси.
Нозе: контакт со реалноста, поддршка, стабилност и безбедност.
Стапала: сексуалност и агресија.
Споредете ги нацртаните делови со следното објаснување:
Колку е побогат и појасен секој од горенаведените делови на сликата, толку поизразени и подобри се вашите карактеристики на личноста.
Ако пак цртежите се оскудни без многу детали, тоа зборува за моменталната емотивна, но и психичка состојба во која се наоѓате. Можеби сте преоптоварени, расеани или едноставно уморни.
Доколку цртежите ви се живописни, со многу детали, тоа значи дека сте задоволни од вашата моментална состојба на животот.
(О)Милена | Црнобело