Сафари-тест: Првото нешто што ќе го видите открива што ве загрижува најмногу во моментот
Црниот пантер
Главната причина за вашата загриженост се вашите лични односи. Чувствувате дека вашата врска со другите е ранлива, а понекогаш дури и не сте сигурни во која насока ви се движат односите – со блиските, со пријателите, па дури и партнерот.
Навратете се кога почнавте да се чувствувате така, кога започна сето тоа, или можеби она што треба да направите е да зборувате со некого за вашите емоции. Комуникацијата е многу важна за воспоставување на здрави и урамнотежени односи.
Лавовите
Вие се мачите да се справите со сите обврски кои долго време ги носите како товар на себе.
Се навикнавте да се грижите за сè и секого, па почнавте да се заборавате себеси.
Вашето семејство и пријателите мислат дека сте неверојатно силни и дека можете да се справите со секоја ситуација.
Но, понекогаш, чувствувате дека сте на работ и дека и најмалата капка може да ја прелее чашата.
За да го проектирате најдоброто кај другите, прво треба да бидете во хармонија со себеси, па можеби е време малку да се разгалите за да се наполните со енергија.
Зебрите
Вашата најголема грижа е вашето здравје или здравјето на некој член од вашето семејство.
Грижата за нашата благосостојба е всушност добра работа, бидејќи нè поттикнува да водиме поздрав начин на живот.
Како и да е, мора да се обидете да ги препознаете вашите навики, мисли и емоции и да сфатите дека мора да ја надминете некако грижата со цел да не прејде во хипохондрија.
Едно е да се внимава на здравјето, но сосема друго е да се претерува со црните сценарија.
Жирафите
Чувствувате нервоза на работното место и сте многу загрижени за финансиите, бидејќи сметате дека сте малку финансиски ранливи.
Имавте многу трошоци во овој период од годината, но воедно не сте сигурни ни околу својата професија.
Технологијата се развива толку брзо што значи дека мора да сме во тек со трендовите и постојано да учиме нови работи.
Доколку чувствувате дека треба да си ја смените работата, а ви требаат некои нови вештини, направете го тоа веднаш! Има многу бесплатни алатки коишто може да ви бидат од помош.
Сината птица
Вие веројатно треба да поминувате повеќе квалитетно време со другите. Во современото општество најчесто се поврзуваме преку текстуални пораки, е-пошта и споделени фотографии, и тоа е одлично.
Сепак, многу луѓе се толку навикнати на виртуелна комуникација што им недостига да разговараат со луѓе во реалниот живот.
Доколку чекавте сигнал, повикајте го пријателот со кого одамна сакате да се видите и прошетајте, со сигурност ќе ви биде пријатно и на двајцата.
Птиците долу
Сакате да разговарате со некого за вашите чувства, да се смеете и да бидете свои, но можеби не се чувствувате како да постои некој со кого ќе можете да го направите тоа.
Не воздржувајте се и верувајте им на пријателите и семејството. Доколку нешто ви пречи, тоа значи дека е навистина важно.
Вие отсекогаш сте биле многу независна личност и со текот на годините научивте да го негувате овој имиџ, поради што вашите пријатели сметаат дека не ви се потребни.
Треба да знаете дека споделувањето на чувствата со некого не е знак на слабост, тоа може да биде терапевтско, па направете го тоа кога мислите дека е потребно.
(О)Милена | Црнобело