Фото-тест кој ја открива вашата личност и скриените емоции - Што прво забележавте на сликата?
Лисица
Во повеќето ситуации, вие успевате да ја одржите контрола над вашите чувства и не дозволувате да ве понесе импулсивноста. Вие сте совршено избалансирана личност и дури и кога животните предизвици ја поместуваат земјата под вашите нозе, вие останувате мирни и подготвени да се соочите со сè што доаѓа.
Во ситуации кога вашата иднина изгледа неизвесна дозволувате да ве обземат негативните чувства, но бргу се враќате во рамнотежата и мирно ги прифаќате животни промени.
За вас, импулсивните реакции се ретки. Подготвени сте да се соочите со сите бури во животот, но не дозволувате ништо да ви ја наруши внатрешната енергија.
Птици
Вие сте вулкан од емоции и дозволувате секоја ситуација да ве вознемири. Честопати сте загрижени и исплашени за иднината што сè уште не се случила, но и за грешките од минатото.
Секоја ситница може да ве вознемири и да ви ја отежни контролата над своите емоции.
Обидете се да создадете емоционална рамнотежа со техники за релаксација – медитирајте, поминувајте повеќе време во природа, слушајте ја омилената музика. Пронајдете начин да се ослободите од стресот и во никој случај не ги потиснувајте емоциите.
Лице на жена
Вашиот ум е бистар и јасен и скоро и да нема настан што може да ве измести од рамнотежа и да ве доведе до драматична состојба. Вие не сте природно родени вака, туку искуството ве научило на вакво однесување.
Се обидувате да не се грижите за работите што се надвор од вашата контрола. Имате голема моќ да ги насочите емоциите кон добри работи, а кога сте под стрес, од голема помош ви се креативни проекти, медитација и јога.
(О)Милена | Црнобело