Срце, ум или интуиција? Првото нешто што ќе го видите на сликата открива што ве води низ животот
Пантер
Вие сте перфекционист. Ги решавате сите проблеми со кои повеќето луѓе не можат да се справат, но исто така уживате во овој процес. Вашата најголема способност е аналитичкото и логичкото размислување.
Вие сте тип на личност која стои цврсто на земјата. Не верувате во среќа или судбина. Знаете дека секоја личност е кројач на сопствената судбина и дека вашиот живот ќе биде онаков каков што ќе го направите самите.
Имате големи очекувања и надеж во себеси, но работите вредно и чесно за да ги постигнете своите цели. Вие сте многу добра и нежна личност и може да простите туѓи грешки, но не криете кога сте повредени.
Знаете дека криењето на вашите емоции нема да заврши добро и само ќе ви донесе штета. Најмногу го цените мирот и чувството на стабилност во животот.
Птица
Ако прво ја забележавте птицата, вие сте многу љубезна личност. Ги сакате луѓето и секогаш се грижите за односите коишто ги имате со нив. Луѓето ве сакаат затоа што секогаш се чувствуваат пријатно во вашето друштво.
Вашата најголема сила е мирот. Можете да се контролирате во секоја ситуација. Но, вашата најголема мана е што често пати ги потиснувате чувствата и ви е многу тешко да ги балансирате.
Имате бесконечна трпеливост и нерви од челик. Вие сте емпатична, чувствителна и внимателна личност. Најмногу го цените балансот во животот, тоа е она што ви носи мир и радост во душата.
Женско лице
Вие им припаѓате на луѓето кои најмногу ја ценат едноставноста. Светот за вас е црн или бел и не сакате да си го комплицирате животот. Вие сте решителна, чесна и директна личност.
Никогаш не криете ништо од другите и никогаш не им правите ништо зад нивниот грб. Секогаш се придржувате кон принципот: живејте и оставете ги другите да живеат.
Длабоко во себе сте чувствителна личност со добро срце и се плашите од губење на луѓето што ги сакате. И покрај тоа што се обидувате да бидете логични и рационални, никогаш не го отфрлате она што ви го кажува срцето.
Пејзаж
Доколку прво го забележавте пејзажот вие сте личност со необична интуиција. Имате шесто сетило кое ви помага во процесот на донесување одлуки. Вие сте многу емотивна личност и секогаш го следите гласот на срцето.
Исклучително оптимистични сте како личност и секогаш имате позитивен поглед кон светот. Зрачите со топлина и радост. Пријателите ве сакаат затоа што сте одличен слушател и секогаш знаете како да ги утешите луѓето.
Верувате дека после бурата секогаш доаѓа сонце. Понекогаш ви се чини дека сте премногу преокупирани со себеси, што е исто така точно, затоа што посветувате многу време и внимание на сопствениот изглед. Не сакате да им се наметнувате на луѓето и да давате совети, но ако некој ви побара нешто, секогаш сте подготвени да помогнете.
(О)Милена | Црнобело