Тест на карактерот: Одберете една месечина и дознајте кои грешки ве прогонуваат во животот
Месечина бр. 1 – Вие сте многу самоуверени и едноставно неспособни да ги увидите сопствените грешки. Треба да бидете свесни дека и вие, како и сите останати, може да грешите. Треба да почнете да го анализирате вашето однесување, така што повеќе ќе ги сфаќате другите. На овој начин полесно и поедноставно ќе ги постигнете зацртаните цели.
Месечина бр. 2 – Вие го цените комфорот и убавините на животот. Претпочитате активен одмор со пријателите. Сепак, вашата емоционалност не ви дозволува правилно да го испланирате вашето време. Затоа заморот ви се насобира и вашата продуктивност тежнее да опаѓа. Треба да се научите правилно да го планирате времето и да бидете поумерени со времето за забава. Така вашите постигнувања ќе достигнат нови димензии.
Месечина бр. 3 – Вие сте навикнати сè да постигнете самите, плашејќи се од изневерувањето на пријателите. Сепак, постојаната претпазливост од останатите значајно влијае на вашата можност да ги постигнете зацртаните цели. Научете да им верувате на луѓето и вашиот живот ќе стане многу полесен и постабилен.
Месечина бр. 4 – Вие сте обземени со проблемите на другите. Вашата постојана реакција и претерана желба да го спасите сиот свет ги бутка вашите лични желби во заднината. Вие не само што тапкате во место, туку потполно сте неуспешни во животот како индивидуа. Научете да се цените себеси и своето време и светот ќе почне да добива убави бои и конечно ќе почувствувате сатисфакција од животот.
Месечина бр. 5 – Во вашата глава постојано се врти море од идеи и планови. Сепак, не можете да се решите да ги реализирате, имате премногу опции за да се решите. Оваа неодлучност ве исцрпува до таа мера што не можете да спиете и ги тенчи вашите нерви. Сетете се на вашата интуиција и верувајте ѝ. Само доколку се ослободите од постојаното барање решенија ќе можете да го постигнете тоа што го сакате.
Месечина бр. 6 – Вие сте многу трпеливи и уживате во она што ви го дава животот без да барате многу за возврат. Но во вашите соништа постојано ја замислувате иднината која сакате да ја постигнете. Престанете да градите палати во облаците. Погледнете наоколу, сега треба да се живее, или вашите соништа засекогаш ќе останат само соништа.
(О)Милена | Црнобело