Должината на палецот го одредува карактерот: Какви сте по природа?
Интерпретација:
А. Долната половина на палецот е подолга од горната
Ако вашиот палец изгледа како оваа варијанта вие сте сигурен партнер на кој вреди да му се верува. Вие сте внимателни и на работите гледате објективно, без пристрасност. Не сакате да брзате, туку уживате во бавниот ритам и сте промислени.
Не поднесувате притисок, посебно оној кој трае подолг период. Затоа партнерите кои сакаат да драматизираат вас не ви одговараат, па ниту перфекционистите. Вие сте човек кој преферира да се препушти на приликите.
B. Двете фаланги на палецот имаат отприлика иста должина
Прагматична личност која сака планови, добра организација и ред. Вие сè планирате однапред и само така можете да се чувствувате сигурни и смирени. Вие сте еден од оние личности која се доживува себеси дека живее за моментот, во сегашноста.
Емоциите не ги изјавувате и не ги покажувате на виделина. Во секој случај, барем не додека не се уверите кон каде може да води тоа. Вие сте прилично таинствена, љубопитна и интересна личност. Секогаш имате за што да зборувате.
C. Горната фаланга на палецот е подолга од долната
Вие сте страсна личност која кога ќе се заљуби се однесува „лудачки“.
Кога ќе се заљубите остатокот од светот за вас престанува да постои. Подготвени сте за саканата личност да заборавите сè на светот. Во врската имате огнена страст.
Н. Г. | Црнобело