Јапонски тест со коцка - Кои се вашите скриени ставови?
Овој тест е осмислен од страна на јапонски психолози и тој може да ви открие делови од вашиот карактер за кој можеби не сте биле свесни.
Психолошкиот тест со коцка го пронајде своето место во јапонскиот бест селер Kokology во кој се собрани тестови и квизови со чија помош се откриваат вашите скриени ставови за сексот, семејството, љубовта, кариерата и животот.
Пробајте го овој тест и откријте нешто ново за себе:
1. Замислете дека одите низ пустина и гледате коцка. Колку е таа голема? Од кои материјали е направена? Колку е оддалечена од земјата?
2. Некаде до коцката замислете штици. Каде се штиците во однос на коцката? Од што се направени тие?
3. Замислите коњ покрај коцката и штиците. Има ли коњот нешто на себе (узди, седло...)? Што прави коњот? Сега, во оваа слика, замислете цвеќиња. Колку цвеќиња гледате? Колку се тие оддалечени од коцката?
4. На крај, почнува бура. Колку е бурата блиску до коцката, штиците, коњот и цвеќињата? Се плашите ли од бурата?