Тест: Кој мистичен квадрат најмногу ве привлекува?
1. Време е да ги победите своите стравови
За што и да размислувате во моментов, знајте дека секогаш постои позитивен начин и пристап. Вие сте многу силна личност. Потребно е само да верувате во тоа за тргнете напред. Најмоќната алатка која ја имате е вашиот ум.
2. Време е да му се препуштите на животот
Не се грижете за тоа што ќе биде вашиот следен чекор. Знајте дека кога се грижите премногу сами на себе си ставате препреки. Дозволете да ви се случува животот. Кога ќе го направите тоа, додека одите по својот пат ќе пронајдете сè што ви е потребно.
3. Сега е потребно да се концентрирате на својата врска со природата и со самите себе
Концентрирајте се на поставување здрава рамнотежа во вашиот живот помеѓу работата, семејството, обврските и одморот. Свртете се кон природата кога се чувствувате изгубено. Природата е создавање. Природата е дом.
4. Мора да бидете поотворени кога се во прашање мислењата на другите
Не е сè црно-бело, ниту треба да биде. Мора да носите одлуки врз основа на гледањето на секоја ситуација од различни страни. Тоа е единствен начин како да бидете фер во поглед на нешто.
5. Време е да почнете да си го изградувате животот на најдобар начин
Вие имате способност и моќ да направите сè и сешто, само треба да се обидете. Сфатете што сакате да чувствувате. Дали сакате љубов, здравје, среќа, богатство? Не се работи за размислувањето за тоа што сакате да имате, туку за чувството кое сакате да го имате. Кога нешто навистина чувствувате, тоа ќе биде ваше.
6. Мора да направите пауза од некои работи
Направете пауза од сè што не ви дава мир и ви ја црпи енергијата. Некој друг нека ја преземе грижата за работите некое време. Насочете се на она што навистина сакате да го правите. Што и да е тоа што ве интересира и ве прави креативни. Важно е да имате рамнотежа и да не се чувствувате затворено и под притисок. Дајте некому до знаење дека ви е потребна помош.
7. Време е да го послушате срцето
Користете ја својата интуиција. Во сè има енергија и сè е поврзано. Не се сомневајте во внатрешните пораки. Тие се обично точни. Знаците се насекаде околу вас. Бидете отворени за сите животни пораки.
8. Животот може да биде позитивен и негативен, светол и мрачен, среќен и тажен
Дури кога ќе бидете во состојба да научите нешто од сите страни, животот ќе ви стане позитивен. Потребно е да ја развиете благодарноста за сите животни ситуации и за сите поуки кои може да ги научите.
9. Вие сте сакани
Дури и ако немате никој околу вас кој ви го кажува тоа. Вас ве сака Космосот. Енергијата е креација. Креацијата е љубов. Вие сте креација. Кога испраќате љубов кон самото постоење, добивате љубов за возврат. Обидете се да испратите љубов за сите кои ги познавате. Ако не знаете никој, насочете ја љубовта кон билките и растенијата, животните или луѓето воопшто. Сигурно ќе добиете љубов за возврат.