Откријте ја вашата личност - која врата ќе ја отворите?
Некои избори може многу да зборуваат за вас како личност. Ако сакате да дознаете нешто повеќе за себе или само да се пронајдете, решете го овој едноставен тест. Можеби би изгледа чудно, но изборот на една од овие врати може да открие какви сте во суштина.
Врата број 1
Вие сте забавна личност која ја цени едноставноста и леснотијата. Сакате да им угодувате на другите, но и сами уживате во ситниот луксуз како што се убави садови, миризливи дизајнерски свеќи или колачи. Сакате да патувате и да ги запознаете другите култури.
Врата број 2
Вие сте многу едноставна личност која не сака да си го комплицира животот. Имате тенденција да ги одржувате работите чисти и совршени, но запрашајте дали вреди сиот тој труд. Не чувствувате дека нешто ви недостига?
Премногу време и енергија трошите на своите лични достигнувања и работи успеси. Обожувате да ги полните ѕидовите со сертификати и дипломи. Но дали се развивате и лично во сето тоа? Да се живее квалитетно значи да се пронајде рамнотежа.
Дозволете си и по некое лудо искуство. Изненадете се себеси со преземање некој ризик и напуштете ја удобната зона.
Врата број 3
Со својата необичност лесно ги привлекувате луѓето околу себе, иако ретко на кого му дозволувате вистински да ве запознае. Многу работи ви одат од рака и уметнички се изразувате на различни начини.
Имате способност од ништо да направите нешто. Го цените својот простор, па неретко се наоѓате затворени во него. Не заборавајте понекогаш да излезете од својата скривница и да уживате во животот под облаците.
Врата број 4
Вие сте стара душа, склона кон драматизирање. Имате силни уметнички претензии и често се изразувате преку пишаниот збор, музиката, сликарството или некоја друга уметност.
Знаете да бидете контрадикторни, па дури и во моментите на најголема отвореност кон луѓето, успевате да задржите многу работи само за себе. Имате богат внатрешен живот, но повеќето мисли кои произлегуваат од него ги чувате љубоморно.
Иако ви е тешко, обидете се понекогаш да споделите некоја своја недоумица со другите. Не само што ќе се чувствувате подобро, туку и полесно ќе се фатите во костец со сопствениот перфекционизам и потребата секогаш да мора да најдете одговор. Сепак сте социјално суштество кое мора да комуницира со својата околина.
Врата број 5
Важно ви е да бидете дел од екипата и со својата работа да допринесете во секоја ситуација. Среќни сте кога работите се движат по својот тек, а најмногу ве исполнува сопствената продуктивност. Таквиот карактер ви развил одредена самосвест, но сепак обидете се да застанете на топката.
Дали е време за одмор? Можеби понеделник не би требало да биде почеток на работната недела, туку можност да се чувствувате одлично во сопствената кожа.
Земете си време да ги пронајдете работите во кои уживате, а кои не се дел од вашата рутина. Истражете се сами себе, дури и по цена на опуштање кое вам ви делува толку необично. Сè се стигнува и за сè има време.
Дознајте какви личности се кријат зад останатите 5 врати на следната страница...