Тест на потсвеста: Симболот што ќе ве привлече го открива вашиот скриен страв

Око

Ако го избравте окото, начинот на кој другите ве гледаат влијае на вас и на вашиот живот.

Иако имате способност лесно да се поврзете со луѓето, постојано сте загрижени за тоа како ве доживуваат и дали, можеби, ве осудуваат.

Се плашите дека луѓето сами ќе си донесат заклучоци за вас, наместо да ве прашаат што правите со вашиот живот, зошто го правите тоа што го правите, зошто не правите нешто друго...

Оваа постојана состојба на внатрешен страв може да ве спречи да го достигнете својот максимален потенцијал во животот и да живеете како што сакате, бидејќи сте презагрижени за мислењата на другите и нивните (потенцијални) критики.

Ова може да биде многу заморно и мачно, особено за психата.

На крајот е можно да станете она што другите сакаат да бидете, а не тоа што сакате да бидете вие.

Што можете да направите? Најдобро е да работите на вашата самодоверба.

Можеби во детството сте имале возрасни луѓе кои ве критикувале и осудувале затоа што сметале дека знаат најдобро што ви треба вам и така ве „обликувале“.

Само ако решите да им се спротивставите на туѓите мислења и повеќе да верувате во себе, ќе можете вистински да ја почувствувате среќата и смислата на исполнетиот живот.

test-na-potsvesta-simbolot-shto-kje-ve-privleche-go-otkriva-vashiot-skrien-strav-05.jpg

Кормило

Ако го избравте кормилото, вашиот најголем страв е да не стагнирате и да останете цел живот во едно место.

Животот не треба да биде постојано ист, но помислата дека би можеле да живеете живот кој е рутината - едноставно ве ужаснува.

Вие би сакале секој ден да ви биде различен, опуштен, да не треба да се трудите до исцрпеност да заштедите пари со кои едвај успевате да си купите нешто поскапо или да отпатувате некаде.

Ако знаете што ве мачи, тогаш е време да поработите на тоа да ги добиете работите што ги сакате.

Запрашајте се што сакате најмногу од животот и што ве прави вистински среќни, па одговорете искрено.

Размислете и за добрите и за лошите страни на одговорите и потрудете се да смените нешто.

Не дозволувајте поради страв да западнете во здодевна рутина и да пропуштите важни моменти, интересни средби и можности.

Верувајте, не сакате да жалите за пропуштените шанси и да се прашувате што можело да биде.

test-na-potsvesta-simbolot-shto-kje-ve-privleche-go-otkriva-vashiot-skrien-strav-023.jpg

Дрво

Ако го избравте дрвото, вашиот најголем потсвесен страв е стравот од стареење, а со тоа и стравот од смртта.

За вас староста е само уште еден збор за смрт. Не дека би сакале да живеете вечно, но би сакале да останете млади долго време.

И сакате сите што ги сакате да бидат секогаш со вас, па не сакате да прифатите дека и тие ќе остарат и починат.

Вие тешко ја прифаќате смртта на најблиските, а овој страв е дополнет и со стравот од напуштање.

Можно е да сте преживеале силна болка предизвикана од смртта на постара личност во вашето детство, а и денес да се сеќавате на разговорите и емоциите што сте ги чувствувале тогаш.

Љубовта кон најблиските ви е голема бидејќи имате големо срце, а тоа е за восхит.

Но, време е емотивно да созреете и да го надминете стравот, да ја прифатите реалноста на животот, како и фактот дека секоја возраст има своја убавина.

Уживајте во секој момент од животот, особено што доцните години може да бидат целосен одраз на младоста - да бидете кул старец или старица, витални, активни, весели.

test-na-potsvesta-simbolot-shto-kje-ve-privleche-go-otkriva-vashiot-skrien-strav-02.jpg

Лотосов цвет

Ако избравте лотосов цвет тоа кажува дека вашиот најголемиот потсвесен страв е стравот од неуспех.

Но, тоа е неуспех кој доаѓа од непознатото, од неможноста да ги постигнете вашите цели.

Со други зборови, тоа е страв дека не сте доволно добри во тоа што го правите и затоа не можете да го остварите она што сте го планирале за себе.

Колку и да не ви се допаѓа ова што го читате, знајте дека стравот од неуспех ве кочи, ве прави премногу претпазливи, а вие ги избирате само оние постапки чиј исход го контролирате.

Не заборавајте дека ризиците кои ги преземаме во животот се оние кои му даваат значење и прават да вреди да се живее.

Кога не ризикувате, избирате само познати патишта и живеете предвидливо врз основа на минатото и она што го знаете од таму.

Поради стравот од неуспех, живеете половина од животот што го заслужувате.

Соберете храброст и направете го првиот чекор кон нешто што навистина го сакате, без да се плашите дека нема да успеете.

test-na-potsvesta-simbolot-shto-kje-ve-privleche-go-otkriva-vashiot-skrien-strav-04.jpg

А. Ј. | Црнобелo



Би можело да ве интересира:

Тест на личноста: Дали сте сонувач или реалист? Дали гледате на работите со розови очила или не прифаќате нешто за што немате ло...
Тест на личност: Тоа што ќе го видите прво, открива што ви е судено во животот Дали прво видовте линии или двајца луѓе со споени усни? Што открива ова за вас, ...
Тест на личноста: Што гледате прво - рака или глава? Дали се сметате себеси за влијателна личност? Со што се истакнувате најмногу во ...
Тест на личноста: На кое место во автобус седнувате најчесто? Ако седите во предниот дел на автобусот: Вие сте личност која е склона кон плани...
Тест што открива кој страв ве прави анксиозни: Што гледате – око или дрвја? Тоа што ќе го видите прво на фотографијата ќе ви ги открие вашите најдлабоки стр...
Тест на личноста: Изберете еден прстен и дознајте го вашиот скриен талент Сите имаме по некој необичен, скриен талент, за кој, можеби и не знаеме дека го ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg