Тест на личноста: Розата што ќе ја одберете открива дали ќе ви се исполни најголемата желба
Ако ја избравте розата број 1
Вие сте многу емотивна личност. Првата роза симболизира нежност, а се чини дека и вие сте таква личност - големо дете во душа, кое е ранливо и кое може да го повреди и најмалата ситница.
Целосно се предавате во секоја врска, без оглед дали е пријателство или љубов.
Тајните си ги чувате за себе, најмногу од страв дека луѓето ќе ве изневерат.
Семејството ви е исклучително важно, без него не можете да функционирате.
Вашата најголема желба е да ја пронајдете љубовта од соништата, и таа да биде како од како во бајките - каде емоциите се вечни и нема крај.
Сакате да најдете некој што ќе ве разбере, сака и прифати онакви каков што сте.
Во љубовта сте верни и лојални, но голем проблем е тоа што не можете лесно да најдете некој како вас.
Ако ја избравте првата роза, бидете сигурни дека вистинската љубов ќе дојде, само, ќе мора неколкупати да се боцнете на трње пред да ги помирисате розите.
Ако ја избравте розата број 2
Оваа роза и нејзината боја ја симболизираат љубовта во секое време и на секое место.
Не станува збор за специфична љубов, туку општа - кон пријател, семејство или партнер.
Луѓето кои ја избираат оваа роза може да се сигурни дека се решени за отворена соработка во сите сфери од нивниот живот.
Овие луѓе се пожртвувани и несебични, па ако треба да ризикуваат за да ги постигнат своите цели - тие ќе го сторат тоа.
Едноставно, тоа се луѓе кои се подготвени да направат сè за да ја достигнат својата среќа.
Ништо не прават случајно или делумно, туку се вложуваат отпочеток до крај, без да избираат средства. А, во овој случај, вашата цел е да ви се оствари една голема желба - да бидете среќни во љубовта, зашто таа за вас е смислата на животот.
Луѓето кои ја избираат оваа роза, за жал, се осудени да страдаат засекогаш поради љубовта, па вашата најголема желба е тешко да се оствари.
Сепак, постои голема шанса да откриете што е вистинска љубов во подоцнежните години од животот.
Ако ја одбравте розата број 3
Вие сте весели и безгрижни, секогаш наоѓате решение за секој проблем и ниту една ситуација не ви е нерешлива.
Вашите мисли се оптимистички за вас, до толку што и кога ситуацијата е мрачна, повторно барате малку светлина во неа и ја гледате добрата страна.
Поради вашата весела природа, скоро сите ве сакаат и ве бараат да ги утешите и расположите во тешките моменти.
Вие сте способни да ги решавате туѓите проблеми како да се ваши.
Пријателите ве обожаваат и секој сака да биде во ваше друштво.
Но, вашата најголема желба е да успеете во деловниот свет.
Вложувате многу во вашето образование и се трудите да бидете успешни во својата професија, исто колку што сте успешни во сите други сфери од вашиот живот.
Со оглед на тоа што вложувате многу во себе, големи се шансите да постигнете големи деловни успеси, без разлика кој е вашиот избор на професија.
Но, запомнете - убаво е да имате пари, но не смеете да заборавите колку е важно да имате и љубов во животот.
Ако ја одбравте розата број 4
Никогаш нема да бидете сигурни дали вие ја избравте розата број 4 или таа ве избра вас.
Оваа роза го открива вашиот тежок карактер, односно, ја покажува вашата вистинска емоционална состојба.
Ако срцето неодамна ви било рането, јасно е зошто избравте роза која делува како штотуку да почнала да потемнува и да се суши.
Во вашето однесување, нема радост, волја за живот и сил, а вие се однесувате како сите бродови да ви потонале.
Сè околу вас е темно, а вие се однесувате уште полошо - не се смеете, не се дружите, се плашите од утрешниот ден.
Тоа ви е голема грешка - без разлика на моменталната ситуација, барем малку оптимизам не би ви шкодел.
Ако ја избравте розата број 4, ваша најголема желба во моментов е да го смените својот став кон светот и околината, да не сте толкав песимист и да гледате на работите и во позитивно, а не само во негативно светло.
Вие постојано се надевате дека и за вас ќе дојдат подобри денови, но се чувствувате како судбината да кова завера против вас, како сè што сакате е да поминат вашите тешки денови.
Ако не го промените однесувањето и не внесете малку оптимизам во секојдневниот живот, вашата желба ќе биде недостижна. Сами ја кроите својата судбина!
Ако ја одбравте розата број 5
Розата со број 5 го претставува вашиот развој и напредок во секоја смисла.
Сè што стоеше во место, отсега ќе се промени, а вие ќе почнете да цветате како розата што ја одбравте.
Пред вас ќе се појават големи можности за напредување, ќе ви се отворат важни патишта, ќе ви се нудат повеќе шанси.
Но, само од вас вас зависи по кој пат ќе одите и што ќе одберете.
Со оглед на тоа дека имате волја за борба и сте доволно способни и храбри, имајте на ум дека ништо не е невозможно!
Најголемата желба што ја имате е да бидете исполнети во семејниот живот.
Воспитани сте така што семејството и домот ги ставате како приоритети, како нешто свето.
Потомството ви е најважно, па сите желби ќе ви се остварат во моментот кога ќе станете родител.
Вие и не барате многу од животот, затоа што тој веќе ви дал многу.
Само, немојте да се менувате, останете весели и никогаш не ја губете вербата во себе!
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





