Психолошки тест: Какви сте во љубовните врски и односот со луѓето?
Прочитајте што откриваат вашите одговори:
1. Личноста со која шетате низ шумата е најважната личност во вашиот живот.
2. Ако низ шумата шетате на пролет, имате оптимистички однос кон животот и ситуациите, а ако е есен, тогаш сте песимисти.
Зимската шума укажува на тоа дека сте склони кон анксиозност, можеби, дури и кон депресија.
3. Големината на животното покажува како ги доживувате проблемите.
Ако сте виделе бубачка, сметате дека проблемите што ги имате сте мали.
Но, ако сте виделе мечка, проблемите низ кои поминувате ги доживувате како тешки за решавање и големи.
4. Односот кон животното покажува за тоа како се справувате со проблемите.
Ако го галите животно, свесни сте за проблемите, ги прифаќате и барате начин да ги решите што полесно.
Ако се борите со тоа животно, проблемите ги доживувате како голем стрес, а ако бегате од него, тоа е знак дека и вие бегате од проблемите и ги „закопувате“.
5. Големината на вашата имагинарна куќа покажува колку е голема вашата амбиција да ги решите проблемите.
Ако куќата е мала, немате многу голема желба за нивно решавање, а ако таа е голема, тогаш давате сè од себе за што побрзо да ги решите несогласувањата со луѓето.
6. Ако вашата куќа нема ограда, тоа покажува дека сте отворена личност, а луѓето се секогаш добредојдени за дружење со вас.
Ако има ограда околу куќата, тоа укажува на затворен карактер - не ви се допаѓаат луѓето што ве изненадуваат (со посети).
7. Ако има храна, цвеќиња или луѓе на масата, вие сте задоволна личност.
А ако масата е празна, вие сте незадоволни од вашата моментална животна ситуација.
8. Издржливоста на материјалот од кој е направена шолјата покажува како го доживувате односот со личноста што шета со вас во шума.
На пример, ако чашата е направена од пластика или хартија, таа е краткотрајна и врската е површна.
Стаклото и керамиката, како и металот, претставуваат цврсти материјали и покажуваат дека односот со личноста што сте ја одбрале е цврста и ќе трае долго.
9. Начинот на кој се однесувате со шолјата, го покажува вашиот однос кон личноста со која одите.
Ако сте ја зеле чашата и ја носите со себе, ја сакате таа личност покрај вас, а ако сте ја оставиле или сте ја фрлиле, тоа значи дека навистина не се грижите за таа личност.
10. Големината на водната површина ја покажува вашата потреба за романтична врска.
Колку е поголема, толку е поизразена вашата потреба за романса. И обратно.
11. Начинот на кој избирате да преминете преку водата покажува дали сте вистински спремни да влезете во емотивна врска.
Ако поминувате преку мост или со брод преку вода, не сте подготвени за подлабока врска.
Ако пливате, тоа покажува дека сте подготвени целосно да се предадете на врската во која се наоѓате или во која ќе влезете.
А. Ј. | Црнобело / фото: Freepik.com