Тест што открива кој страв ве прави анксиозни: Што гледате – око или дрвја?

test-shto-otkriva-koj-strav-ve-pravi-anksiozni-shto-gledate-oko-ili-drvja-01.jpg

Око

Ако прво видовте око, тоа може да открие скриена страна за вас, односно силна потреба за емоционална безбедност.

Не е дека сте во лоша ситуација, но постојано сте анксиозни околу тоа што ви носи иднината.

Имате потреба да ги размрдувате работите и да ви се случува нешто ново во живот, но помислата на промени ви е застрашувачка.

Стравот од непознатото и излегувањето од комфор зоната ве спречуваат да достигнете до сите потенцијали кои ги имате.

Честопати сте загрижени и дали ќе ги постигнете животните цели, а токму тој страв ве држи во безбедна зона која ви е добро позната.

Ров опкружен со дрвја

Ако прво забележавте ров со дрвја од околу, вие сте личност која премногу се оптоварува и при срце си ги става туѓите мислења, што често ви создава анксиозност.

Понекогаш нечии зборови си ги повторувате одново и одново, долго откако разговорот завршил, толкувајќи што може да значат во позадина, дури и ако не се кажани со скриени намери.

Оваа сензитивност на мислењата и гледиштата на околината може да доведе до тоа вашите одлуки да не се целосно ваши, туку на нив силно да влијае опкружувањето, бидејќи се плашите дали вашите чекори ќе бидат одобрени и прифатени од некого.

Премногу сакате да им угодувате на луѓето, но добро е за вас да покажете дека имате граници – едно да бидете љубезни, а друго е да изгубите чувство за вашите потреби заради некој друг.

Почнете да се цените себеси и да си ги вреднувате вашите ставови и одлуки.

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Тест на личноста: Изберете еден прстен и дознајте го вашиот скриен талент Сите имаме по некој необичен, скриен талент, за кој, можеби и не знаеме дека го ...
Тест на личноста: Тоа што ќе видите прво на илустрацијата открива какви сте во врските Дали гледате птици во лет или лице на жена? Првата работа што ќе ја забележите о...
Првото животно што ќе го видите на илустрацијата ќе ги открие тајните на вашата личност Ако видовте камила - вие сте личност која не се откажува што и да ви се случи. К...
Тест на личноста: Дали сте амбициозни или чекате работите „да ви паднат од небо“? Профил на старец или маж на коњ - тоа што прво ќе го видите на илустрацијата отк...
Одберете лист и дознајте – што да направите за да си ги остварите големите животни цели? Дали треба да ги слушате советите на саканите или треба да си ја вратите самодов...
Психолошки тест на личност: Која е вашата скриена моќ? Одберете едно животно без многу да размислувате - вашата потсвест ќе ви открие к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg