Психолошки тест од 1984-та: Изберете една боја и откријте што кажува за вас

psiholoshki-test-od-1984-ta-izberete-edna-boja-i-otkrijte-shto-kazhuva-za-vas-02_copy.jpg

Црна

Ако ја избравте црната боја, знаете како е да се биде осамен, но знаете и како да се носите со тоа.

Не сакате да ги покажувате своите слабости, а потајно сонувате некој да ви обрне повеќе внимание.

Сите проблеми ги решавате сами, имате сопствено мислење и на вас не влијае тоа што велат другите.

Црвена

Ако ја избравте црвената боја, вие сте многу емотивна личност. Сакате страстно, но и мразите силно.

Лесно можете да навредите некого, но тоа го правите ненамерно, без да мислите на последиците.

Сакате да ги расположувате луѓето околу себе.

Жолта

Ако ја избравте жолтата боја, вие сте позитивна, отворена и друштвена личност.

На светот гледате со многу оптимизам, знаете да сакате и на луѓето им е лесно да комуницираат со вас.

Ве интересираат работи од различни сфери, па затоа имате многу хобија. Вие знаете да уживате во малите работи.

Кафеава

Ако ја избравте кафеавата боја, вие сте практична и објективна личност.

Важни ви се доказите, работите да се „црно на бело“, а не што зборуваат другите.

Своите можности секогаш ги проценувате на реален и објективен начин. Но, не заборавајте дека понекогаш треба да се опуштите.

Зелена

Ако ја избравте зелената боја, имате голем потенцијал за успешен живот. Го сакате животот и сè околу вас.

Си имате зацртано цели кои мора да ги остварите.

Лошо реагирате на критики и ја губите самодовербата ако не добивате позитивни коментари.

Сина

Ако ја избравте сината боја, тоа значи дека сте мирни и стабилни.

Важно ви е да сте психички опуштени. Имате голема самодоверба и секогаш тежнеете кон хармонија.

Но, вие сакате и да мечтаете, а и романтични сте, па лесно ви здосадува секојдневната монотонија.

Сива

Ако ја избравте сивата боја, вие сте многу промислена личност.

Не сакате да се издвојувате од толпата, но имате богат дух. Искрени сте и скромни, но и често се сомневате во себе.

Не смеете да го правите тоа, напротив, додајте малку боја во својот живот.

Виолетова

Ако ја избравте виолетовата боја, вие сте љубопитна и страсна личност.

Виолетовата боја ги спојува спротивностите, па така, може да се случи расположението да ви се смени за само неколку минути, од еуфорично во рамнодушно.

Одите од една во друга крајност, но и покрај тоа барате хармонија.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Изберете еден ангел и дознајте што ве очекува во блиска иднина Дали вашиот ангел е ангел на љубовта, на желбите или на љубопитноста? Овој психо...
Тест на личноста: Дали сте сонувач или реалист? Дали гледате на работите со розови очила или не прифаќате нешто за што немате ло...
Тест на личноста: Што гледате прво - рака или глава? Дали се сметате себеси за влијателна личност? Со што се истакнувате најмногу во ...
Тест на личност: Тоа што ќе го видите прво, открива што ви е судено во животот Дали прво видовте линии или двајца луѓе со споени усни? Што открива ова за вас, ...
Тест на личноста: На кое место во автобус седнувате најчесто? Ако седите во предниот дел на автобусот: Вие сте личност која е склона кон плани...
Тест на потсвеста: Изберете една карта и дознајте што ќе се промени во вашиот живот во 2025-та годин... Кој аспект од животот ќе ви се подобри во 2025-та? Каква година ви претстои? Нов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg