Одберете лист и дознајте – што да направите за да си ги остварите големите животни цели?
Лист број 1
Ако продолжите да се движите со исто темпо, наскоро ќе си ги остварите целите.
Не се откажувајте и продолжете да се борите за вашите соништа.
Лист број 2
Вашите желби имаат потенцијал да бидат исполнети, но важно е да ги слушате и советите на блиските.
Нивната мудрост може да ви биде од огромна корист и да ви помогне побрзо да стигнете до целта.
Лист број 3
Ќе си ги остварите целите за многу краток период ако поработите на самодовербата.
Доколку е нешто поврзано со љубовниот живот, верувајте во себе и ќе добиете многу повеќе отколку што сте очекувале.
Лист број 4
Ако целосно им се посветите на целите и заборавите на работите што само ви го одвлекуваат вниманието, наскоро и ќе ги остварите.
Важно е да верувате во себе.
Лист број 5
Ќе ги остварите целите само ако престанете да ги слушате другите и не дозволувате да влијаат врз вас.
Игнорирајте ги критиките и негативните коментари.
Лист број 6
Толку многу сте фокусирани на некоја цел, што делувате опседнато.
Ќе успеете да ја остварите само кога ќе воспоставите поголема рамнотежа во животот и ќе обрнете внимание и на другите работи.
Лист број 7
Ќе стигнете некоја важна цел за мошне краток период, но нема да бидете задоволни.
Наместо да се фокусирате на она што ви недостасува, бидете благодарни, но и горди на себе што ќе успеете да постигнете нешто.
Лист број 8
Најверојатно не сте подготвени за да ја реализирате целта за којашто размислувате.
Дајте си време да научите повеќе работи и добро размислете што е најдобро за вас во овој момент.
Лист број 9
Наскоро ќе остарите некоја голема цел, а ова ќе биде само почеток на мошне успешен период за вас.
Важно е да ги прифатите позитивните промени кои следат.
Лист број 10
Бидете отворени, заборавете на минатото и излекувајте ги емотивните рани.
И, ќе стигнете до вашите цели многу, многу побрзо.
Спирова С. | Црнобело