Тест на потсвеста: Првата работа што ќе ја видите открива дали сте под стрес (и како да го намалите)

Лик на маж

Ако прво видовте лик на маж, тоа значи дека сте често напнати, особено кога имате премногу обврски и постојат работи кои мора да ги завршите во краток рок.

За да се ослободите од стресот и да го отфрлите ова чувство на постојано брзање и напнатост, почнете со листа на приоритети.

Наместо неколку работи одеднаш, направете список со активности и завршувајте ги една по една.

На врвот на листата секогаш нека ви стојат активностите што ви се најважни, а последни нека бидат оние задачи кои не се итни и за кои нема да е проблем да ги префрлите во иднина.

Ако се придржувате до ова, за многу кратко време ќе сфатите дека стресот се намалил.

Силуета на жена и стебло

Ако прво видовте силуета на жена и стебло, тоа значи дека сте нестрплива личност која секогаш брза некаде или брза да направи нешто.

Вие не запирате за да размислите за нешто, туку носите избрзани одлуки.

Но тоа брзање да стигнете секаде и да завршите сè, често доведува до грешки.

Затоа дури и кога сте на сигурно, вие размислувате за тоа каде грешите или каде би можеле да згрешите.

Забавете го темпото на живот. Уживајте во денот, во луѓето околу вас - и без брзање ќе имате време за сè.

Ако почнете помирно да ги завршувате работите и да не „трчате“, ќе бидете помалку нервозни и ќе имате помалку стрес.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Тест на личноста: Што гледате прво - рака или глава? Дали се сметате себеси за влијателна личност? Со што се истакнувате најмногу во ...
Тест на личност: Тоа што ќе го видите прво, открива што ви е судено во животот Дали прво видовте линии или двајца луѓе со споени усни? Што открива ова за вас, ...
Тест на личноста: Дали сте сонувач или реалист? Дали гледате на работите со розови очила или не прифаќате нешто за што немате ло...
Тест на личноста: На кое место во автобус седнувате најчесто? Ако седите во предниот дел на автобусот: Вие сте личност која е склона кон плани...
Тест што открива кој страв ве прави анксиозни: Што гледате – око или дрвја? Тоа што ќе го видите прво на фотографијата ќе ви ги открие вашите најдлабоки стр...
Тест на потсвеста: Изберете една карта и дознајте што ќе се промени во вашиот живот во 2025-та годин... Кој аспект од животот ќе ви се подобри во 2025-та? Каква година ви претстои? Нов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg