Што открива начинот на седење за вашиот карактер?
Со прекрстени раце
Прекрстувањето на рацете неретко е знак за сила и самодоверба.
Но, може да значи и дека сакате да се заштитите ако сте во ситуација во која се чувствувате непријатно.
Седење на страна
Оние кои преферираат да седат на страна, генерално се грижливи и добри личности.
Знаат да флертуваат и неретко го прават тоа само од забава.
Ако седите вака во близина на партнерот, а колената ви се свртени кон него, тогаш несвесно му изјавувате љубов.
Со дланките на нозете
Ако имате навика да ги ставате дланките на скутот, вие сте срамежлива личност.
Оваа положба покажува и дека сте смирени и прибрани, како и скромни.
Вие сте и нежна личност, полна со емпатија за другите.
Седење во средина
Ако настојувате да седнете на средината на клупата, каучот или што било, ова значи дека имате огромна самодоверба.
Вие сте храбра личност и лесно се спријателувате со другите.
Со споени дланки
Ако скоро секогаш кога седите дланките ви се склопени, ова значи дека сте емотивна личност.
Некогаш ви е тешко да ги контролирате емоциите, но и вашата радост, па ова ве прави привлечни во очите на другите.
Знаете како да ги насмеете сите околу вас и да им го подобрите расположението.
Спирова С. | Црнобело