Тест на потсвеста: Начинот на кој ја држите шолјата ги открива тајните на вашата личност
Илустрација 1
Ако го држите малиот прст на страна, тогаш сте најверојатно самоуверена личност, верувате во себе и мислите дека можете да ги постигнете посакуваните цели без помош од околината.
Ретко правите компромиси, бидејќи верувате дека сте секогаш во право.
Вие сте најверојатно лидер или сакате да станете лидер. Знаете како брзо и точно да ги донесете и најтешките одлуки.
Вие сте талентирани и имате моќ да ги идентификувате талентите на другите, а потоа да ги насочите во вистинската насока.
Илустрација 2
Ако ја држите шолјата со двете раце, тогаш вие сте искрена и чувствителна личност. Ги сакате луѓето и подготвени сте да им помогнете дури и на оние што не ги познавате.
Не осудувате никого, бидејќи верувате дека има тешки животни ситуации кои можат да ги одведат луѓето од една во друга крајност.
Знаете да слушате и да ги советувате другите, а поради тоа да заборавите на сопствените проблеми и работни обврски.
Но, вие сте и од оние луѓе што ќе дозволат другите да го искористат вашето чувствително срце и мека душа.
Не дозволувајте да ве злоупотребуваат.
Вам ви се важни хармонијата, чистотата и удобноста. Дозволете им на другите да се грижат малку за вас.
Илустрација 3
Ако со едната рака ја држите шолјата цврсто за рачката, тоа значи дека сте прагматична личност.
Не донесувате избрзани и непромислени одлуки, туку секогаш размислувате за сè темелно.
Не сакате неправда, па не толерирате навреди во ваше присуство и секогаш го штитите оној што е нападнат.
Вешто ги криете вашите лични емоции, и не дозволувате да излезат на површина, иако негативните мисли и чувства понекогаш ве притискаат.
Илустрација 4
Ако шолјата ја држите речиси до дното, тогаш сте внимателна и уредна личност.
Понекогаш ви се чини дека луѓето ве изневеруваат или дека кријат нешто од вас.
Вие размислувате за секој свој чекор до најмалите детали и се плашите да не направите нешто погрешно.
Внимателни сте дури и кога е љубовта во прашање. Не се водите од емоциите и не го слушате своето срце.
Можеби не треба да бидете толку внимателни - понекогаш е во ред да им дадете слобода на своите чувства и да ги следите своите луди соништа.
Илустрација 5
Ако со едната рака ја држите шолјата за рачката, а со другата околу чашата, најверојатно сте личност која лесно може да ја навредат и повредат.
Немате доверба во другите и тие треба да направат многу за вас за да ви покажат дека може да им верувате.
Сакате да ви обрнуваат внимание и сакате кога најблиските се грижат за вас.
Но не се штедите кога треба да им покажете топлина на другите.
За вас семејството е најважно. Потребно ви е да имате удобен дом и да ве опкружуваат драги луѓе.
Илустрација 6
Ако ја држите шолјата со прстите на горниот раб, додека неколку прсти ви се под рачката, најверојатно живеете мирен живот и не се грижите за ситниците.
Смирени сте и оптимисти. Во сè гледате позитивни можности.
Сакате да експериментирате и да почнувате нови работи, а не размислувате дали од тоа ќе имате некаква полза.
Вие сте енергична личност, но понекогаш избрзувате со заклучоците или правите непромислени работи.
Им давате енергија на луѓето околу вас и можете да бидете лидер во вашата работа.
А. Ј. | Црнобело