Тест преку 6 прашања: Дали сте харизматична личност?

Дали кога влегувате некаде просторијата се осветлува и сите уживаат во вашето присуство? Со помош на овој тест ќе го откриете тоа.

test-preku-prashanja-dali-ste-harizmatichna-lichnost-01.jpg

Помислете на вашите пријатели, колку од нив би ги опишале како харизматични? Сигурно само неколкумина, а останатите ќе кажете дека се фини, забавни, но не и харизматични.

Тоа е субјективна одлука, но ќе ве изненади фактот што тим истражувачи на Универзитетот во Токио, водени од идејата дека просечна личност не може да ја измери харизмата, направи серија истражувања и дојде до изненадувачкиот факт дека оваа карактеристика сепак може да се измери.

Според нивното истражување, објавено во магазинот „Journal of Personality and Social Psychology“, со одговарање на шест прашања може да откриете колку сте харизматични.

Оценете се себеси за секој од овие искази од 1 до 5 и збирот на оцените потоа поделете го на 6:

Јас сум некој...

1. чие присуство се чувствува во одредена просторија.

2. има способност да влијае на луѓето.

3. знае како да води група.

4. прави луѓето да се чувствуваат комфорно.

5. им се смее често на луѓето.

6. може да се комуницира со секого.


Ако добиениот
резултат е 3.7 или повисок, истражувачите велат дека сте похаризматични од просечна личност.

test-preku-prashanja-dali-ste-harizmatichna-lichnost-02.jpg

Во серијата истражувања имаше повеќе од 1.000 учесници, а заклучокот е дека харизмата се сведува на два фактори: влијание – односно способност за водство и сила на присуство и допадливост – односно пријатност и отвореност за комуникација со сите.

Интригантен резултат од истражувањето е што оценката на луѓето за нивната харизма најчесто се поклопува со туѓата перцепција за нив.

Харизмата не постои во вакуум, туку во социјалните односи со другите. Не паничете ако вашиот резултат е низок, постојат многу начини како да станете похаризматични - од учење да ги читате емоциите на другите луѓе до користење на вистинските зборови во одредени ситуации.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Квиз: Дали вашата љубовна врска е пред распаѓање? Дали врската ви е пред распаѓање? Постои ли нешто што може да се спаси, или е вр...
Квиз: Ќе ги погодите ли сите одговори што почнуваат на буквата „В“? Во кој град е роден Кочо Рацин? A знаете ли кој воен конфликт заврши во Сајгон в...
Квиз за родители: Дали децата ви го уништуваат сексуалниот живот? Дали откако сте станале родители, целосно заборавивте на интимниот живот со парт...
Кулинарски квиз: Дали сте почетници или махери во кујна? Дали сте вистински махери во кујна или не знаете ниту да спржите јајце? Знаете л...
Квиз: Од кoja (модерна) фобија страдате? Дали сте суеверни па имате фобија од бројот 13, или пак ваш најголем страв е дек...
Квиз: Погодете ги македонските јавни личности преку фотки од детството Овие (некогаш) слатки дечиња, денес се популарни македонски личности. Можете ли ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg