Tест: Колку сте навистина стари?
Биолошката старост покажува колку сме навистина стари, бидејќи нејзиниот часовник отчукува без можност да се коригира резултатот...
Постојат различни методи за проценување на биолошката старост, па доколку сте љубопитни да дознаете направете некој (или сите) од овие кратки тестови:
Мускули
Станете исправено, па подигнете ја едната нога и свиткајте ја во колено. Рацете ставете ги на колкови или раширете ги и затворете ги очите. Бројте додека не ја изгубите рамнотежата.
Ако издржавте 1 минутa, одземете 4 години од вашите моментални. За нестабилна рамнотежа после 30 секунди одземете 2 години, а ако не издржавте ниту 5 секунди, тогаш додајте си уште 3 години на вашите.
Пулс
Измерете го отчукувањето на срцето, па веднаш потоа направете 30 чучнувања. Повторно измерете го пулсот и пресметајте ја разликата.
Доколку имате 20 години тогаш пулсот се зголемува за 0-10 отчукувања, со 30 години од 10 до 20 отчукувања. Кај четириесетгодишните луѓе се зголемува за 20 до 30 отчукувања, а после 50-тите години од 30 до 40 отчукувања.
Вид
Проверете го видот со помош на линијар и весници. На коската од јаболчниците на лицето и директно под окото потпрете долг линијар. Земете весници и полека оддалечувајте ги, додека буквите не станат матни. Измерете ја најблиската оддалеченост на која бистро ги гледате буквите.
Ако тоа е помалку од 15 сантиметри, биолошката старост се поклопува со годините. Доколку е меѓу 16 и 30 сантиметри додајте 1 година, а на секои дополнителни 30 сантиметри додавајте плус 1 година.
Броење
Земете една стоперка и од бројот 100 бројте наназад по 7 цифри. Помладите од 40 години до два броја би требало да стигнат за 20 секунди, а постарите од 40 до 60 години, сметањето би требало да го завршат за најмногу 40 секунди.
За побрзи резултати од очекуваното време, одземете од своите години 2 години, а доколку бевте побавни додајте 2 години.
Направете уште 4 кратки тестови на следната страница...