Tест: Колку сте навистина стари?

test-kolku-ste-navistina-stari-1.jpg

Гимнастика

Застанете исправено, свиткајте ги колената, наведнете се нанапред и обидете се со дланките да го допрете подот. Ако успеавте да ги ставите дланките целосно на подот, биолошката возраст е од 20 до 30 години. Ако допирате само со прстите имате 40 години. Со 50 години не можете да допрете подолу од потколеницата, а доколку ги  допирате само колената биолошки имате 60 години.


Кожен тест

Истегнете ја кожата над дланките најсилно што можете, држете ја така околу пола минута, па пуштете ја. Земете стоперка и измерете за колку секунди кожата ќе се врати во нормала. Ако е за помалку од една секунда, одземете си 3 години од вашите години. Ако се потребни две секунди биолошката и хронолошката старост се поклопуваат. Доколку се потребни 3 до 4 секунди додајте една година, за 5 до 10 секунди додајте две години, а за 11 до 30 секунди додајте 3 години на вашите години.


Обем

Измерете го обемот на најширокиот дел од колковите и струкот. Совршената мерка на струкот е 70 отсто од обемот на колковите. Ако добиете ваков резултат, одземете една година. За обем на струкот од 80 до 90 отсто од колковите, додајте 3 години. Доколку обемот на струкот е еднаков или поголем од колковите, додајте 5 години.


Бели дробови

Длабоко вдишете и целиот воздух во белите дробови во еден здив, испуштете го во балон и заврзете го. Со линијар измерете ја ширината на балонот. Ако сте вдишале 0,5 литри воздух, ширината на балонот треба да е од 7 до 9 сантиметри, за еден литар ширината е околу 10 - 11 сантиметри, а од 12 до 13 сантиметри е за 1,5 литри. За 2 до 3 литри воздух балонот се шири од 14 до 16 сантиметри, а за 4 литри воздух ширината е од 20 до 22 сантиметри.

Ако вашиот резултат е помал од еден литар воздух, додајте 5 години на вашите, а ако во балонот има 1 до 1,5 литри, додајте 3 години. За два до три литри додајте една година. За 4 до 5 литри, одземете 3 години.

Колку е стар вашиот организам?



Би можело да ве интересира:

Квиз: Колку знаете за Макфест? Која пејачка е прва победничка на Макфест? А во кој град се одржува фестивалот? ...
Квиз: Ќе ги погодите ли сите одговори што почнуваат на буквата „В“? Во кој град е роден Кочо Рацин? A знаете ли кој воен конфликт заврши во Сајгон в...
Квиз: Колку го познавате животинскиот свет? Колку срца има октоподот? А кое животно, исто како и луѓето, минува низ период н...
Квиз: Општи прашања за Скопје на кои треба да го знаете одговорот Без разлика дали живеете во Скопје или не, факт е дека сите треба да имаме барем...
Квиз: Каков тип на турист сте? Што ви е најважно кога одите на патување? Дали сте турист што сака луксуз, да вн...
Забавен квиз: Дали размислувате како типичен Македонец? Што правите кога сте во хотел со шведска маса, или додека чекате кога е гужва на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg