10 провокативни прашања: како ќе одговорите вие?

Додека секојдневно размислувате за финансиските проблеми, проблемите дома, на работа и на факултет, за своето незадоволство, диетата која треба да ја почнете... разбијте ја монотонијата и одговорете ги овие неколку провокативни прашања, кои ќе ве наведат барем за момент поинаку да размислувате за животот.

10-provokativni-prasanja-kako-ke-odgovorite-vie

1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?

2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?

3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?

4. За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?

5. Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?

6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?

7. Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?

8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?

9. Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?

10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?

Би можело да ве интересира:

Зимски квиз: Прашања од општа култура кои треба да ги знаете Знаете ли кое е селото на Дедо Мраз? А, се сеќавате ли на традиционалната детска...
Квиз: 7 прашања за Бадник и Божиќ што не смеете да ги згрешите Што се прави вечерта во очи Бадник? А што треба да има на бадниковата трпеза за ...
Квиз: Ќе ги погодите ли сите одговори што почнуваат на буквата „В“? Во кој град е роден Кочо Рацин? A знаете ли кој воен конфликт заврши во Сајгон в...
Квиз: Општи прашања за Скопје на кои треба да го знаете одговорот Без разлика дали живеете во Скопје или не, факт е дека сите треба да имаме барем...
Квиз: Само луѓето со високо IQ ќе одговорат точно на сите 9 логички прашања Подготвивме квиз со 9 прашања од различен тип - само луѓето кои имаат високо IQ,...
Забавен квиз: Дали размислувате како типичен Македонец? Што правите кога сте во хотел со шведска маса, или додека чекате кога е гужва на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg