Тест: Дали сте подготвени да имате дете?

Да се има дете е бескрајна среќа и радост, благослов, вистинска љубов... и плус она што го кажуваат родителите со подочници кои се на работ на нервите, пушат цигара за цигара и се хаотични и ненаспани.

test-dali-ste-podgotveni-da-imate-dete

Ако сте во фаза дали да имате, или немате дете во моментов, прочитајте го овој тест. Потоа обидете се да го направите она што се бара.

Ајде да ве видиме:

Подготовка за бременост

Жени:

1. Облечете ноќна наметка и под неа ставете торба со грав во областа на стомакот.
2. Оставете ја таму.
3. По 9 месеци отстранете само 5% од гравот.

Мажи:

1. Одете до најблиската аптека, извадете се' од вашиот паричник на шалтерот и речете им на сите да се послужат.
2. Одете во супермаркет. Договорете вашата плата да стигнува директно кај нив.
3. Одете дома. Земете весник и прочитајте го за последен пат на раат.

Знаење

Најдете пар кој веќе се родители и критикувајте ги за нивните методи за дисциплинирање и воспитување на децата, недостигот на трпение, ниското ниво на толеранција и за тоа дека им дозволуваат на децата да врескаат и трчаат низ домот постојано.

Дајте им совети како да ги одвикнат од пелени, како да не им се будат ноќе, како треба да им се однесуваат децата на маса.

Уживајте. Тоа ќе биде последен пат во вашиот живот кога ќе ги имате сите одговори на прашањата погоре.

Ноќите

Дознајте како ќе ви изгледа секоја вечер:

1. Шетајте низ дневната соба од 17.00 до 22.00 часот, носејќи мокра торба тешка 4-6 kg и слушајќи во позадина гласна музика или песната што ве иритира и вади од такт.
2. Во 22.00 часот спуштете ја торбата, наместете аларм точно на полноќ и легнете да спиете.
3. Станете во 23.00 и кружете со торбата низ дневната соба до 1.00 по полноќ.
4. Наместете аларм за да ве разбуди во 3.00.
5. Затоа што нема да можете веднаш заспиете, станете во 2.00 и направете си шоља чај.
6. Легнете во кревет во 2.45.
7. Повторно станете во 3.00 кога алармот ќе се вклучи.
8. Пејте песни во темница до 4.00 и гугуткајте.
9. Наместете го алармот да ве разбуди во 5.00 часот.
10. Направете појадок.

Правете го тоа во текот на 5 години. Ама трудете се да бидете насмеани и да изгледате среќно и весело.

Облекување на мали деца

1. Купете октопод и мрежеста торба.
2. Обидете се да го ставите октоподот во мрежестата торба така што ниту една пипка да не му виси надвор.

Дозволено време: 5 минути

Автомобили

1. Заборавете на BMW. Купете практично возило со 5 врати.
2. Купете чоколаден сладолед во корнет и ставете го во шкафчето напред во автомобилот. Оставете го и заборавете го таму неколку дена.
3. Земете метална паричка. Пикнете ја во ЦД плеерот.
4. Купете кутија со чоколадни бисквити. Смачкајте ги на задното седиште и оставете ги здробени.

На прошетка

1. Почекајте.
2. Излезете низ вратата.
3. Вратете се повторно внатре.
4. Излезете.
5. Пак вратете се.
6. Повторно излезете.
7. Излезете до тротоарот пред зграда.
8. Вратете се назад.
9. Повторно стигнете до тротоарот.
10. Пешачете многу бавно по патот околу 5 минути.
11. Застанете, набљудувајте внимателно и поставете најмалку 5 прашања за секоја гума за џвакање, валкано шамивче и мртов инсект кои ќе ги видите по патот.
12. Вратете се по истиот пат.
13. Врескајте на начин кој покажува дека не можете да издржите повеќе сè додека соседите не излезат на прозор и не започнат да зјапаат во вас.
14. Откажете се и вратете се назад дома.

Сега сте речиси подготвени да однесете мало дете на прошетка.

Разговор со детето

Повторувајте се' што кажувате најмалку по 5 пати.

Пазарување намирници за дома

1. Одете во најблискиот супермаркет. Понесете со себе нешто што најмногу наликува на дете од предучилишна возраст – порасната коза е одличен избор. Ако планирате да имате повеќе од едно дете, земете повеќе кози.
2. Купете ги сите потребни намирници за неделата без да го тргнете погледот од козата.
3. Платете за она што козата ќе изеде или уништи додека вие купувате.

Сè додека ова не го направите успешно, не ни помислувајте да имате деца.

Хранење на едногодишно дете

1. Издлабете диња.
2. Направете мала дупка од страна.
3. Обесете ја на јаже и лулајте ја.
4. Земете чинија со житарки и обидете се со лажица да ставате во дупката од дињата.
5. Продолжете така додека не ја испразните чинијата.

Телевизија

1. Научете ги имињата на сите ликови од цртаните филмови кои се даваат на телевизија.
2. Следните 5 години не гледајте ништо друго освен цртани.

Неред

Откријте дали можете да го поднесете хаосот кој го прават децата низ дома:

1. Намачкајте еурокрем и џем на завесите.
2. Сокријте риба зад звучниците и оставете ја таму месец дена.
3. Пикнете ги прстите во земја и размачкајте ги на ѕидовите. Дамките потоа офарбајте ги со креда.
4. Испразнете ги сите фиоки и оставете се на земја. Преминете на следниот чекор.
5. Влечете предмети од едната соба во другата и оставајте ги таму.

Долги патувања со мали деца

1. Снимете некој кој постојано вика „Мамо“ или „Тато“. Не смее да има повеќе од 4 секунди пауза помеѓу секое „Мамо“/ „Тато“.
2. Пуштајте го овој аудио запис во вашиот автомобил каде и да патувате во следните 4 години.

Сега сте подготвени да одите на долго патување со мало дете.

Разговори

1. Започнете разговор со возрасна личност во вашата канцеларија.
2. Некој постојано нека ве влече за кошулата, додека го слушате аудио записот со „Мамо“ / „Тато“звуци од претходната точка.

Сега сте подготвени да водите разговор со возрасна личност додека има дете во собата.

Подготовка за на работа

1. Изберете ден во кој имате важен состанок.
2. Облечете ја вашата најубава официјална облека за на работа.
3. Земете чаша павлака и ставете во неа чаша сок од лимон.
4. Промешајте.
5. Истурете половина од него на вашата убава свилена кошула.
6. Накиснете пешкир во другата половина од смесата.
7. Обидете се да ја исчистите вашата кошула со пешкирот.
8. Не се пресоблекувајте (немате време).
9. Отидете право на работа.

Сега сте подготвени да имате деца. Уживајте!

Би можело да ве интересира:

Квиз: Дали вашата љубовна врска е пред распаѓање? Дали врската ви е пред распаѓање? Постои ли нешто што може да се спаси, или е вр...
Квиз: Погодете ги имињата на децата на познатите Македонци Како се викаат синот и ќерката на Кире Лазаров? А трите деца на Горан Пандев?&nb...
Кулинарски квиз: Дали сте почетници или махери во кујна? Дали сте вистински махери во кујна или не знаете ниту да спржите јајце? Знаете л...
Забавен квиз: Дали размислувате како типичен Македонец? Што правите кога сте во хотел со шведска маса, или додека чекате кога е гужва на...
Квиз: Колку го познавате животинскиот свет? Колку срца има октоподот? А кое животно, исто како и луѓето, минува низ период н...
Квиз: Погодете ги сите места што почнуваат на буквата „Б“ Како се вика највисоката зграда во светот? А градот во кој се наоѓа катедралата ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg