Правописен квиз: Кај кои зборови се повторува истата буква едноподруго, а кај кои не?

Како се пишува правилно - седумина или седуммина

pravopisen-kviz-kaj-koi-zborovi-se-povtoruva-istata-bukva-ednopodrugo-a-kaj-koi-ne-01.jpg

Македонскиот јазик може да „се пофали“ со многу тешка граматика, но правописот е генерално полесен. За разлика од некои други јазици, како англискиот, во македонскиот зборовите ги пишуваме исто како што ги изговараме.

Но сепак, и во македонскиот правопис има ситници кои можат да создадат забуна како, на пример, повторување на истата буква едноподруго.

Во некои случаи, повторувањето на буквата е очигледно, како кај глаголите пее или се смее. Но, некогаш може да биде тешко да утврдите дали некоја буква се повторува или не.

Ако ова не претставува проблем за вас, тогаш лесно ќе го решите овој квиз.

Во продолжение следат 10 зборови, а вие треба да погодите како се пишуваат правилно, односно дали имаат буква која се повторува едноподруго или не.

Кај кои зборови се повторува истата буква едноподруго, а кај кои не?
  1. 1.
    Подршка
    Поддршка
  2. 2.
    Седумина
    Седуммина
  3. 3.
    Мнение
    Мненние
  4. 4.
    Одржува
    Оддржува
  5. 5.
    Оттчет
    Отчет
  6. 6.
    Шестиот
    Шесттиот
  7. 7.
    Одделение
    Оделение
  8. 8.
    Смртта
    Смрта
  9. 9.
    Подели
    Поддели
  10. 10.
    Оттргне
    Отргне

Спирова С. | Црнобело

фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Квиз: Прашања поврзани со април кои мора да ги знаете Колку денови имал април во раниот јулијански календар? Кој скапоцен камен е симб...
Квиз: Прашања поврзани со февруари кои мора да ги знаете Дали знаете кое е старото име на февруари? А на кој датум е роден нашиот истакна...
Квиз на знаење: 10 општи прашања кои малку ќе ве помачат Кои се традиционалните бои на Вимблдон? A како е популарното име на некогаш најо...
Квиз: 7 работи поврзани со септември што мора да ги знаете од општа култура Што се слави во Македонија на 8-ми Септември? А кои се двата хороскопски знака к...
Квиз: 7 работи поврзани со ноември што мора да ги знаете од општа култура Кој детски фестивал традиционално се одржува во Скопје во ноември? Кој бенд...
Квиз: 7 прашања поврзани со декември што мора да ги знаете од општа култура Кој празник се слави кај нас на 8 декември? А во која земја почнала традицијата ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg