Квиз: Браќата Грим, Шарл Перо или Х. К. Андерсен – Ќе погодите ли кои бајки се нивно дело?
„Ако сакате вашите деца да бидат интелигентни, читајте им бајки. Ако сакате да бидат уште поинтелигентни, читајте им уште повеќе бајки“ – не залудно рекол големиот Алберт Ајнштајн.
Бајките се неизбежен дел од секое детство. Тие го побудуваат критичкото размислување со тоа што јасно им ги покажуваат на децата последиците од одлуките и постапките на поединечните ликови.
Од друга страна, бајките ги прошируваат видиците и нѐ тераат да мечтаеме. Самовилите, сирените, волшебниците и џиновите во нашиот „обичен“ свет поттикнуваат кон проширување на нашата имагинација.
Иако со самото растење веќе знаеме дека тие не се вистинити, сакаме да веруваме во нивната магија.
За сите љубители на бајките и литературата за деца подготвивме квиз со некои од најпознатите наслови на денешницата, а на вас останува да погодите дали бајката му припаѓа на Ханс Кристијан Андерсен, на Шарл Перо или пак на браќата Грим.
Да започнеме...